Речиси половина од работниците во светот се изложени на непосреден ризик да ги загубат работните места како резултат на пандемијата ковид-19, според Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Загубите на работните места веројатно ќе ги погодат сите земји на планетата, како резултат на катастрофалното негативно економско влијание на коронакризата врз економската активност.

Глобалната работна сила, според „МОТ“ брои околу 3,3 милијарди луѓе, а 1,6 милијарди работници се изложени на ризик да ги загубат своите работни места и да ги загубат своите средства за егзистенција, кога ќе бидат земени во предвид вработените во неформалната економија и оние на дното на скалата по ниво на плата.

Неформалната економија ги вклучува „непријавени работници“ за кои работодавачите не плаќаат даноци на државата и на кои владата има потешкотии да ги следи, а кои сочинуваат огромен дел од економиите во развој.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO