Пишува: Кларк Кент

Во последниов период, кога на големо се работи на онаа безпотребна теза “чиј е Гоце“, се раѓаат уште редици други прашања околу Организацијата и нејзините дејци.

Она што мене посебно ме засегна,а во мал дел и ме растревожи, е општата непознатост кај одреден дел од народот,за поврзаноста на Илинденското и Преображенското востание,т.е дека тие “две“ востанија, се всушност едно и исто.

Како е тоа можно ?

Епа вака,од почеток.

Илинденското востание,според стариот календар,е дигнато на 20 јули. Истата дата е зашиена и на револуционерното знаме од Загоричани. Селото Загоричани се наоѓа во Костурско.
Илинденското востание, како што реков е кренато на 20 јули според стариот стил, а според новиот, на 2 август,на големиот празник Свети Илија.

Во Одринскиот вилает востанието избувнува на 6 август според стариот стил,а 19 август според новиот стил, на Преображение Господово, исто така голем празник.
Дека востанието е едно и исто ќе видиме во понатамошниот текст, само да напоменам дека во многу случаи во македонската, но и во бугарската историја, па и во западната историографија,тоа е внесено само како Илинденско.

Во мај месец 1903 година, Христо Матов изготвува “општ план на востанието“ во кое се изложуваат средствата на револуционерната борба и целите за извојување. Се реорганизираат сите востанички окрузи,се припрема тактика за дејствување на чети, терористи и на мирното население.

На Смилевскиот конгрес на битолскиот округ на ВМОРО се решава востанието да започне во округот на 20 јули 1903 година,а на конгресот на Петрова нива, Одринскиот револуционерен округ одлучува востанието да започне на 6 август,на големиот празник Преображение.
Серскиот округ решава востанието да го крене на 27 септември, на Крстовден.

Како што можете да забележите, сите востанија се кренати на некои големи христијански празници,оти нашите револуционери биле верници и верувале во Бога. Патем,и при полагањето на заклетвата за влегување во редовите на Организација имало револвер, кама и библија.

Сега се префрламе околу дејствијата.
Во востаничкиот штаб на востанието,кој се наоѓа во Смилево,се наоѓаат Дамјан Груев,Борис Сарафов и Анастас Лозанчев. Од таму доаѓа наредба да се започнат востаничките дејствија,а лозунгот “илјада пати подобро смрт,отколку скотски живот“ ги мотивира востаниците за борба.
Битолскиот револуционерен округ масовно се крева на борба.

Битолско, Леринско, Костурско, Охридско, Кичевско, сите население места востануваат против вековната тиранија,а востаниците во слободното Крушево ја објавуваат Крушевската република и ги канат грците и власите на општа борба против Османската империја.

Почетокот на дејствијата во битолскиот револуционерен округ прават притисок на револуционерното движење во Одринска Тракија.

По тој повод во регионот на Странџа е свикан конгресот на Петрова Нива,кој изработува план за дејствијата и избира главен штаб во состав на Михаил Герџиков (најдобри другари со Георги Делчев), Лазар Маџаров и Стамат Икономов (офицер во бугарската армија).

Воените дејствија започнуваат и поради големиот успех во борбите,се објавува Странџанската република и она што за повеќето не е познато,е тоа дека таа република трае повеќе време од Крушевската република.

Она што е уште помалку познато,е дека на конгресот од Петрова нива,за секретар е избран Христо Силјанов,кој пак,влегува во ВМОРО под влијание на Дамјан Груев,кој тогаш е учител во Битолската бугарска гимназија.

Силјанов е учител во Прилеп во периодот 1899-1900 година и е член на окружниот револуционерен комитет,а од 1900 година е учител во Лерин. Во 1902 година е нелегален и заминува во четата на легендарниот Марко Лерински.

Марко Лерински пак,е на воена служба во тогашното кнежество Бугарија и е учесник во српско-бугарската војна, каде што поради прикажаната храброст е удостоен со медал и поголем чин.
Во 1900 година се поврзува со Георги Делчев и со Ѓорче Петров,кои го привлекуваат во редовите на Организацијата и го испраќаат како војвода во Леринско,каде што го зема псевдонимот Марко.

Благодарение на воената подготовка на Марко и неговите организациски способности четата му се претвора во школа за подготовка на четници и војводи на целата револуционерна организација.
За оние што прв пат читаат за легендарниот Марко војвода, тој е првиот кој предлага да се крене сеопшто востание во Македонија и Одринско. Војводата дејствува во Костурско,Воденско,Леринско и Битолско заедно со Гоце Делчев,Пандо Кљашев,Васил Чекаларов и Лазар Поп Трајков до 1902 година.

Другари,браќа,по крв и оружје,вера и верувања,симптоматично нели ?!

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO