Во 1907 година умира Александар Костов Кошка (на влашки: Alexandar Coshca), романски офицер и револуционер, војвода на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација.

Кошка е роден во македонското село Гопеш во Битола и е од влашко потекло. Завршува романски лицеј во Битола, а потоа учи медицина во романската престолнина Букурешт, каде што организира аромански комитет за вооружена борба во Македонија заедно со Штерјо Апостолина.

Во 1902 година се враќа во Македонија и се вклучува во редовите на ВМРО. Во 1903 година е во четата на Парашкев Цветков. Учествува во Илинденското востание како војвода во Пелистер. По востанието тој ги организира влашките села во Битола и Пинд. Во април 1907 година влегува во Македонија преку каналите на ВМОРО заедно со четниците Мита Гега од Гопеш, Стерјо Доменику, Ташку Шарку, Алексо Нане и Насто Стојанов од Крушево, Ташку Х. Голи од Маловишта и Никола Мона од Влахоклисура. Загинува заедно со четворица негови четници во 1907 година во близина на Курбиново. За време на претресот на неговото тело, турските власти пронашле списоци со доверливи лица во областа и војводски печат со натпис ʺГлавен војвода на македоно-романските чети“.

Васил Балевски вели за Александар Кошка:

ʺВласите беа дел од нашата организација, нивните комитети се договорија централно. Војвода им беше Александар Кошка, одличен човек.ʺ

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO