Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција потврди дека се јавувал на функционер во МВР, но како што вели, побарал од министерот Чулев тоа да биде лице поставено од претходниот министер.

Лидерот на опозицијата вели дека сакал од него да побара да ја забрза истрагата за теретаната и не гледа ништо спорно во тоа. Вели, пак ќе се јавува ако оцени дека има потреба.

ʺБидејќи поминаа неколку дена, почнаа да се лиферуваат секакви информации, му напишав порака на именуваното лице која гласаше-,,Здраво. Сакам да се чуеме.Христијан Мицкоски !“, тоа беше таа порака и јас ја чувам“-изјави Мицкоски и додаде дека од именуваниот функционер во МВР побарал да заврши истрагата побрзо и јавноста да ја дознае вистината.

Мицкоски објави и дека лично се познава со синот на Зоран Верушевски, Александар Верушевски, кој пак тајно го снимал лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кај него на ручек во Струмица.

За Мицкоски, контроверзниот Верушевски, помладиот, е патриот.

ʺДа се познавам со господинот Александар Верушевски. Тој е грижлив родител и посветен сопруг, а она што можеби е значајно да го знаете е голем патриот“ – одговори Мицкоски на поставеното новинарско прашање.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO