Бугарија нема да биде сопирачка на РС Македонија на нејзинот пат кон Европската унија, категорична е министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

ʺНие нема да бидеме сопирачка на Македонија на нивниот пат кон ЕУ. Отсекогаш сме ги поддржувале, бевме први кои ја признавме нивната независност. Никогаш не сме ги криеле условите за нивната поддршка, тие секогаш биле јасни “, кажа таа на бТВ, додавајќи: ʺЕдинствено тие можат да бидат сопирачка“.

Захариева истакна дека Бугарија отсекогаш била чесна и отворена кон РС Македонија и тоа е целта на декларацијата усвоена од бугарскиот парламент.

ʺНе можам да прифатам дека кога доаѓаат изборите, експертската комисија да биде сопрена. Таа не е сопрена од нас. ʺНие кога избори минатата година за Европскиот парламент и локалните власти, ја сопревме ли нејзината работа?“, потсети министерот за надворешни работи.

Таа изјави дека Бугарија секогаш го почитувала правото на самоопределување.

„Лошо е кога многу политичари во РС Македонија си мислат дека ќе победат на изборите на анти-бугарски бран. Изборите поминуваат, но соседите остануваат. Никој н победил од говорот на омраза. Ова е мој апел кон нашите соседи “, кажа Захариева.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO