Замислете ВМРО-ДПМНЕ да формира Влада и да дојде ред да преговара со Бугарија за промена на името на самата партија. Тоа ќе биде апсурд на апсурдите.

Животот пишува романи. На овие избори СДСМ ќе има пробугарска позиција, ВМРО-ДПМНЕ просрпска позиција.

Ова е најавата на новинарот Васко Ефтов во неговата најнова емисија „Во Центар“ со наслов: Сите луѓе на Заев и Мицковски.

Во продолжение на најавата Ефтов вели:

Ова ќе бидат најапсурдните избори. Двете доминатни партии ги сменија своите појдовни позиции, направија идеолошко сартомортале. Одеднаш СДСМ е пробугарска партија, а ВМРО-ДПМНЕ просрпска партија. Околу СДСМ се вртат луѓе на Љубчо Георгиевски, луѓе на Красимир Каракачанов. Од друга страна околу ВМРО-ДПМНЕ се вртат просрпски елементи, просорос елементи.

Тие процеси во ВМРО-ДПМНЕ траат од 2003 година, а во СДСМ од доаѓањето на Зоран Заев. Ако некој тоа ни го кажуваше пред 20 години ние немаше да веруваме.

ВМРО-ДПМНЕ ќе има проблем со името на партијата односно името „ВМРО“. Ако конфликтот е Гоце Делчев и Крсто Петков Мисирков, тоа значи дека е апсорбирано прашањето дека Тодор Александров и Ванчо Михајлов се пробугари или бугари со македонско потекло.

Ако ВМРО-ДПМНЕ имаат прифатено дека тие двајца биле претседатели на таа организација тогаш на крајот од денот конфликтот меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде името „ВМРО“. Прашањеот е – дали Македонија ќе мора да ја натера ВМРО-ДПМНЕ да стане само „ДПМНЕ“ а префиксот „ВМРО“ да оди во историјата односно да биде дел од заедничката македонско-бугарска историја. Тоа е многу реална можност, вели Ефтов.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO