Грција дефинитивно не е заинтересирана за изградба на Коридорот №8 и прави се што е можно со децении за да се спречи тоа да се случи. Ова го изјави во интервју за БГНЕС Стефан Стојанов, поранешен амбасадор на Бугарија во Грција во периодот 2002-2006 година.

Коментирајќи ја тековната фаза на развој на билатералните односи меѓу Софија и Атина и заедничките инфраструктурни и енергетски проекти, амбасадорот Стојанов истакна:

„Бугарија и Грција имаат проекти за кои можат да соработуваат, но ме искушувате да кажам дека има проекти за кои има интерес да не се соработува. Например, Коридорот №8. За неколку децении, грчката страна дефинитивно не беше заинтересирана за овој проект, коj ги поврзува Бугарија преку РС Македонија и Албанија со Јадранското Море – краток пат до Италија. Но, овој проект во Грција се гледа како конкурент на еден од нивните сопствени, проект што на сличен начин ги поврзува Италија и Турција преку Северна Грција – Егнатија Одос. Грција со децении прави се за да не стане Коридорот 8 приоритет. И, како што можеме да видиме, тоа е доста успешно “.

Амбасадорот Стојанов смета дека надворешната политика не треба да се користи за краткорочни домашни политички интереси.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO