Добро yтро, денес е 20 Мај 2020, веројатно дека е среда

Со сигурност можам да кажам дека треба Избори нај доцна до 12 јули. Работава е така законско-правно заплеткана да Партиите, ама сите со се ВМРО-ДПМНЕ (впрочем како нај патриотска партија) учествуваат во своевиден софт Државен Удар каде буквално е се скоро закочено, суспендирано ,а посебно двете полуги за контрола на Вонредна Ситуација, Парламентот и Уставен Суд.

Не никој нема да оди затвор,заради што ситуацијава е со Ковид 19 не својствена и ретко пропишана од било какво законодавство во светот ,па и Уставно.
Ама дека работава е нелогична и е таа и тоа е. Ѝ не смееме да дозволиме Партиите без Избори да си седат и да си договараат.

Тоа е НАД УСТАВНО и надвор од сите политички принципи на демократијата и доброто владеење. По ова точка.

Преговорите пак со Бугарија ич не ми изгледаат дека со овој тек ќе имаат продолженија и некакви заеднички заклучоци.

Може да ,ете Гоце Делчев го поминеме како Бугарин но Македонски херој. За жал на Бугарите тој е херој на денешна Република Северна Македонија и за жал на Македонците дека овој Македонски син е Бугарин.

Со Илинденското востание ќе се корниме за коса и ќе го прославуваме заедно.
Што знам што да речам. Ќе бидеме разочарани но и други и тоа е.И толку.

Сега би сакал мала препорака до Политичарите –

1.Првата државност на Македонската нација сепак е АСНОМ -ска и НР Македонија .

НО идејата за Независна Македонија е далеку по стара од ова.
Сплитските и Петричките состаноци се 1930 и некоја па и таму не присуствуваат баш комунисти.

Ова да си видите и обавезно од Сарафов до Т. Александров работите да си ги прочистите. Многу е голема компликација по вториов.

Некои ликови може да биле предавници во историјата на Социјалистичка Република Македонија во рамките на СФРЈ ,ама брате си има куп ликови кои можат да се рехабилитираат и да си бидат стокмени херои на Република Северна Македонија ,како независна држава.

До душа некакви ликови можат од херои да се прогласат зулумќари.
Да не се секирате 20 нови херои и 20 анти-херои ,нема да боли многу.

За Комунистите ,државотворците- Да престанат да се глупираат за некаква организирана борба до крајот на 1942 и почеток на 1943 и слично.

Веројатно до 1943 се испотепале присталиците на КПЈ со БКП или КПСрбија со БКП..се е веројатно.Ова треба дополнително да се види.

Повеќе се искасапиле помеѓу себе отколку што Окупаторите ги убивале.
Дури овде се бусате по гради ,онаму во бивша СФРЈ ви излегуваат цели скриени истории за преговори на Тито со Германците низ цела 1942 и 1943 ,а случајно во Скопје никој не ги видел нити прочитал.

На крај и во Москва ви излезе цела архива нa Интернационалата,бункерисаната,каде преписките по разговорите со Германците на Тито и таму ви ги обелоденија.

Видете страни 507 до 612.Посебно преписката Тито-Димитров, страна 632,633,634.РСФ1117.
За некакви на Вмро-Дпмне пак – Ликот Ванчо Михајлов ,за жал и со прочистување на историјата ќе си остане како подмитлив,алчен,терорист ,авантурист и убиец.

Соработник на Абвер ,Р- групи , Abwehr(R-Grupen).
За ликов и делото негово обавезно да ги видите и документите на ФБИ,ЦИА и Италијанските тајни служби ,посебно овие.

Има што да се види ,а во нив ,во Италијанските има работи кој ќе ве направат шашма. Да си чутам…

Соработувал со УДБА врз база на доказите за учество во Абвер ,Р -Групите и документите за Атентатот во Марсеј каде работел исклучиво по наредба на Бенито Мусолини и дел на Ватиканските кардинали.

Во Рим заминал и живеел под покровителство на Ајлоз Степинац и многу наци-ликови на Ватикан поврзани со Мусолини.
Колку сакате по ова критикувајте и едни и други но тоа е.

Би сакал пак на комунистите да им соопштам- УДБА и Политичкиот дел на Скопје го има измислено поимот Ванчомихајловисти.
За жал на нашата славна историја и минато, такви во Македонија од 1944 до 1991 НЕМАЛО.

Се плашам дека осудените под тој поим -Ванчомихајловизам и не биле со него туку биле од други групи,не со него.Тоа да си се провери во архивите. Може да е многу мачно.

Многу е можно да тој и контролирал некакви ,но ако не ги контролирал ги пријавувал до Белград. Скопје ги апсело под фахот-Ванчомихајловисти.Тука ќе ја откриете ужасната политиката во Македонија.

Едно е сепак јасно. Само двајца членови на АСНОМ биле членови на КПМ.
Така да во овој хаос сакам да кажам- По сето горе што го напишав нити имало нити ќе има докази да го докажете дека не е така ,освен докази дека е така.
БТВ ,да ги видите и папирите за инструкторите на Црвената Армија во Македонија до 1947 и армиските дејаниа во Граѓанската војна во Грција.

Зошто го напишав сево ова. Ова ќе ви се случува после избори. Ќе трае.

Па да бидете спремни на изненадувањата. Тогаш вие ќе се бафтате со глупавата историја ..и сетете се на мене, дека сум кажал кога не требало.

Убав ден да имате..
НЕ САКАМ КОМЕНТАРИ ОД ТИПОТ НЕ Е ТАКА..ВООПШТО НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРААТ ..ДАЛИ Е ИЛИ НЕ Е ..НИТИ ЈАС ЌЕ КАЖАМ НИТИ ВИЕ..

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO