Tочно пред 18 години, Кометал Ѓорче Петров стана европски првак во женска конкуренција, успех кој и до ден денес е најголем во женскиот ракомет во нашата земја. Кометалки во реваншот кој се играше во преполната сала „Кале“ го совладаа тимот на Херц Ференцварош со 26-22, четирите гола разлика беа и повеќе од доволни за славење, со оглед на тоа дека мечот во Унгарија претходно заврши со 27-25 во корист на Херц.

За првпат во историјата македонска екипа се искачи на европскиот врв освојувајќи го најелитното меѓународно натпреварување, Лигата на шампионите, а тимот на Александар Панов го сочинуваа: Кастратовиќ, Кисељова, Малахова, Бујанова, Платон, Велкова, Златановска, Дину, Будимир, Калиниченко, Нацева, Плошчинска, Чупиќ, Андрушенко.

Тогаш, пред 18 години Александар Митевски напиша песна “КОМЕТАЛ ШАМПИОНЕ” која стана химна на нашите златни девојки.

Токму на овој ден, АЛЕКСАНДАР И ДАЦ решија да направат “КАРАНТИНСКА” кавер верзија заедно со дел од нашите шампионки кои пееја со нив “од дома”.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO