До денес никогаш повеќе не сум уживал во спор отколку спорот на Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Додека спорот со Република Грција е јасен, кристално чист и со задоволство би се одвивала дебатата, спорот со Бугарија е бесценето корисен.

Ваков спор за уживање до денес скоро во Европа не е познат.

Добро е што е поделен 50% на Историчари и 50% на политичари во својот набој.

Тоа се крупни ликови како Красимир Каракачанов, Захариева па до претседателот Пендаровски, Владо Бучковски па до Фрчковски и Денко Малевски.

Сосема солидно скроен тим од Бугарија и сосема чуден скроен тим на Северна Македонија каде политичарите би играле одредена улога во толкување на историјата.

Машала е и Бугарската страна. Одма БАН дава изјави поткрепени со буџетски пари на Република Бугарија, а МАНУ, пола се усрани од ситуацијата и мудро молчат.

Црвените линии на Република Бугарија се исти оние црвени линии на КПСССР, та нели се црвени и перцепција дека разговараат со Југославија и Белград.Прајслессс. Вакви глупости само Софија може да смисли.

Скопје терцира да црвените линии им се исцртани од КП Србија па СХС па КПЈ..И преговараат од стојалиште на таа држава.

Интереси на СФРЈ и СССР во овој миг НЕМА..Починати се државите. Ама на Бојана и на Водно има такви кои мислат дека ги носат и во срцата и во днк и во здравиот разум.

Добро сега таму некаде на Бојана и на Водно ( овие два географски поими се пежорација или не се, се зависи од поимањето).

Но едно е јасно. Црвените линии се базираат на ФАТАМОРГАНИТЕ на Дон Кихот.

Едно е сигурно дека не треба да се дозволи ТРГОВИЈА СО ИСТОРИЈАТА, а тоа треба да се исчисти дури стоиме на Гоце Делчев.

Не смее да се дозволи ПАЗАР на елититет—Ова не отвораме за вас но вие ова не отворате за нас.. И ДА СЕ ГЛАДИ ..Изгланца и нашминка.

Тука сме следиме, се смееме. Иако на политичките елити не им е смешно.

Дали ќе има вето на Бугарија? На крајот на денот Бугарија секогаш е зрела држава и ја управуваат политичари, а не историчари и емотивци.

Знам само едно-Дури се смееме, во Софија и Скопје многу ќе плачат.

Сега фали крупен политички лик како Бојко Борисов или Стево Пендароски кој ќе чукне на маса и рече- СО ИСТОРИЈАТА НЕМА ДА ТРГУВАМЕ АМИ ЌЕ ЈА ИСЧИСТИМЕ ДО ПОСЛЕДНАТА ТОЧКА И ЗАПИРКА.

Јас не мислам дека Бојко и Стево имаат толку сила ем храброст. Туку ај да видиме и да си се поштено смееме.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO