Ефектите од ширењето на коронавирусот веќе се чувствуваат во Источна Европа, која до неодамна важеше за најбрзорастечкиот регион на Стариот континент.

Сепак, сериозните економски проблеми допрва треба да дојдат, а земјите од поранешниот источен блок се соочуваат со најголема криза од падот на „Железната завеса“, пишува Bloomberg.

Досега, повеќето земји од Источна Европа успеаја да ги избегнат катастрофалните сценарија што се распространуваа во земји како Италија и Шпанија, но затворањето на фабриките и продавниците сериозно го погоди корпоративниот профит и доведе до нагло зголемување на невработеноста. Во Полска, Унгарија и Романија, економскиот раст падна за половина во однос на нивото од 2019 година. Во Чешка и Словачка, бруто домашниот производ дури се намали во првиот квартал од годината.

Најголемиот дел од извозот на источноевропските земји оди кај нивните западни соседи во еврозоната, кој во првите три месеци од оваа година, исто така, забележа рекорден економски колапс.

Во годините по завршувањето на Студената војна, некои земји, вклучително и Бугарија и Романија, изгубија скоро една четвртина од нивниот бруто-домашен производ. Балтичките републики Литванија, Латвија и Естонија објавија економски колапс од скоро 40 проценти.

Единствената позитивна разлика од тогаш и сега е дека закрепнувањето сега се очекува да биде многу побрзо, и покрај сериозните непосредни ефекти на пандемијата. Повеќето економисти очекуваат дека уште во 2021 година, економиите во регионот значително ќе ги забрзаат стапките на раст, се разбира, под услов да се контролира здравствената криза.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO