ʺВо својот устав Северна Македонија се заснова на настани од 19 и 20 век, при што основното е Илинденско-Преображенското востание, кое се смета за темелот на идната македонска држава. Идеите на Гоце Делчев исто така присуствуваат во основниот закон на нашите западни соседи. АСНОМ исто така е вметнат во уставот “. Ова го изјави бугарскиот историчар Кирил Илиев од Институтот за балканистика при Бугарската академија на науките во емисијата ʺСлободна зона со Георги Коритаров“ на ТВ Европа.

ʺЗошто Бугарија потпишува договор за пријателство и добрососедство со земја која уште во уставот краде од нашата историја?“, праша Георги Коритаров. ʺОваа комисија требаше да ги нивелира споровите“, одговори Кирил Илиев. ʺДали тоа значи дека Северна Македонија треба да го промени својот устав ако признае дека Илинденско-Преображенското востание е бугарско и Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за бугарската кауза?“, праша Коритаров.

ʺТоа е следниот логичен заклучок – да се смени уставот, ако во него е напишано дека Гоце Делчев е македонец, и Илинденско-Преображенското востание, кое тие смислено го нарекуваат само „Илинденско“ и е вметнато дека не е бугарско“, категоричен е историчарот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO