Како партија која се смета за легитимен наследник на историското ВМРО, па и осмелувајќи се да ги брои конгресите редоследно со конгресите на историското ВМРО, ДПМНЕ кај огромниот број членови и поддржувачи на таа партија, кои се сметаат за “тврдокорни вмровци“, заколнати во Гоце, Дамјан, Питу Гули, Александров, плански и смислено, или помалку исплашено и срамежливо, им исчезна црвено-црното знаме на Организацијата, а штабовите се повеќе и повеќе се китат со измисленото античко знаме.
Црвено-црното се крие под килим или пак,се користи само кога ќе дојде нож до коска, за да се истакнат само вмровските бои, а под тие бои, антиката зема се поголем сјај.
Само мал пример за заблуденоста на нивниот лидер Христијан Мицковски е неговата појава на премиерата на Некст Тајм, кои рака на срце, се осмелија да воскреснат една легендарна песна, посветена на најголемиот лидер на ВМРО-Тодор Александров.
Во таа песна немаше ниту еден збор за некакво античко сонце, на црвена позадина, со жолти краци.
“Нешто ќе те питам бабо“ ако порано се пееше на семејни собиранки и во подруми од “небањати и забрадени бугараши“, денеска се пее и од залижани квази патриоти како Христијан Мицковски.
А во таа песна се пее баш за тоа “црвено-црно“ знаме на ВМРО.
Тоа знаме, кое е многу битно за еден прокламиран вмровец и за една партија која се смета за следбеник на историското ВМРО, треба да биде неизоставен дел од нивните партиски собири.
Лавот, морам да напоменам,исто така го нема.
Што се случи со него, со грбовникот на Македонија ?
Таму го има лавот, нема античко сонце, за жал.
Преголемата и исфорсирана употреба на античкиот симбол, шеснаесеткракото сонце од страна на членовите и поддржувачите на ДПМНЕ, само ни дава до знаење дека се изгубиле по патот на ВМРО.
Епа другари, жал ми е, но под тој симбол ВМРО не можело ниту да се замисли ,а ниту водела било која борба за слобода и вистина.
Таму, во тоа измислено знаме, да не ја барате Македонија.
Македонија е во црвено-црното историско знаме на Организацијата.
Организацијата на Делчев, Татарчев, Александров, Узунов, Пиперката.
И поради овие новонастани ситуации, кога Македонија и Бугарија решаваат, а можеби и понатаму, ЌЕ решаваат некои болни историски прашања, се запрашувам дали на членовите на ДПМНЕ им светнало во главите дека можат да направат некоја спојка на андартско-хеленистичко ВМРО, чисто да се задоволат “апетитите“ на некои сеуште неосознаени вмровци, а “бегалки“ од партија во партија и да се нарекуваат да речеме, антички бугари ?!?
…Знамето не им беше аго чисто вмровско…
––––––––––––
Пишува: Кларк Кент