Европската комисија усвои пакет мерки со кои треба да се обезбеди враќање на туризмот и патувањата ова лето. Предложено е фазно и координирано олеснување на рестриктивните мерки кои се однесуваат на слободата на движење на граѓаните. Тоа треба да се заснова на проценка на епидемиолошката ситуација, примена на мерки за спречување на ширење на вирусот во текот на целото патување, како и со економски и социјални фактори кои во прв план би го ставиле преминувањето на границите поради активности во клучни области, вклучувајќи и лични причини.

„Ова нема да биде нормално лето, но ако сите го организираме нашиот дел од работата, нема да мора да останеме дома и да го пропуштиме летото“, изјави потпретседателката на Европската комисија Маргарет Вестагер.

Комисијата во своите предлози ги вклучи општите принципи што треба да се применуваат при постепено обновување на воздушниот, железничкиот, копнениот и поморскиот транспорт.

Препораките се засноваат на потребата да се ограничи контакт меѓу патниците, како и меѓу патниците и транспортните работници, што вклучува намалување на бројот на патници кога е можно, носење заштитни маски и специјални протоколи во случај на појава на патници со симптоми на болеста.

Европската комисија потенцира дека упатствата се со цел да им се олесни на земјите-членки да донесат национални одлуки и „безбедно и постепено“ да ги отвораат границите за луѓето, транспортот и туристичките услуги.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO