Остатоците пронајдени во една пештера во централна Бугарија сугерираат дека современите луѓе имале голема контактна фаза со неандерталците во Европа и може да дадат повеќе индиции зошто неандерталците исчезнале. Одамна е познато дека современите луѓе и неандерталците во Европа и во Азија имале контакт едни со други пред да изумрат неандерталците, но меѓу научниците има многу дебати за тоа колку долго современите луѓе се преклопуваат со неандерталците и кои се импликациите од преклопувањето.

Студијата за остатоците пронајдени во пештерата Бачо Киро, кај Дријаново, од страна на два тима истражувачи од Институтот Макс Планк за еволутивна антропологија во Лајпциг, Германија, ја утврди староста на остатоците пронајдени во пештерата.

Нивните истражувања покажуваат дека современите луѓе биле таму барем пред 45 000 години, можеби и порано. Во времето кога Европа беше населена од неандерталците – посебен вид човечки род што исчезна откако современите луѓе – хомо сапиенс – се појавија на сцена. Студиите за остатоците од Бачо Киро покажуваат дека тие се илјадници години постари од доказите за остатоците пронајдени во една пештера во Романија и од другите докази пронајдени во Британија и Италија. Новите податоци покажуваат дека двата вида можеби живееле заедно илјадници години.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO