Фото: Роjтерс

Британските туристи можат да се вратат во бугарското одморалиште Сончев Брег во јули, откако земјата ги олесни мерките во наметнатиот карантин, пишува таблоидот ʺСанʺ.

Британското издание ги информира своите читатели, за да ги охрабри туристите, одморалиштето ќе предлага бесплатни лежалки, чадори и маси на плажите кога ќе се отвори повторно за посетителите.

ʺСанʺ пишува дека Бугарија успева да го задржи бројот на заразени со коронавирус релативно низок со воведувањето на карантин на 13 март, вклучително и забрана за патување, затворање на училиштата и многу бизниси, како и овластување на полицијата да ги спроведе мерките. . Карантинот се очекува да биде укинат на 13 мај и плановите вклучуваат отворање на одморалиштата во наредните неколку месеци, додава таблоидот.

Цитиран е лидерот на Националниот фронт за спас на Бугарија Валери Симеонов, дека дури и во најлошото сценарио, туристите ќе се вратат во август. А исто така и министерката за туризам Николина Ангелкова дека бугарските власти се во постојан контакт со најголемите тур-оператори со кои работат.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO