Во Рио де Жaнеиро, светски познатата статуа на Христос Спасителот зеде нов изглед откако на лицето  беше дизајнирана маска, заедно со пораката „Маски заштедуваат (животи)“.

Пред неколку недели, на статуата беше дизајнирано светло шоу во чест на здравствените работници низ целиот свет.

Во светот се пријавени над 3,5 милиони случаи на инфекција со коронавирус. Ова го потврдуваат податоците од американскиот универзитет Хопкинс, кои прават пресметки засновани на информации од меѓународни организации, федерални и локални власти.

Според него, бројот на заразени моментно е 3 502 126 лица, а 247 107 се починале. Вкупно закрепнати се 1 119 817 пациенти. Повеќето случаи на инфекција – 1 156 924 – се откриени во САД, со 67451 смртни случаи. Во однос на инфекциите следуваа Шпанија (217 466), Италија (210 717) и Велика Британија (187 840). Во Бразил, бројот на заразени со опасен вирус надмина 100 000.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO