Фото: Роjтерс

Веќе се набљудува раздвижување на туристичкиот пазар во Грција за ова лето.

Се предлагаат пониски цени.  Сопствениците на луксузни вили и хотели на грчките острови го рекламираат почетокот на туристичката сезона со ниски цени и стриктни здравствени мерки. Од Крит и Миконос предлагаат самостојни вили со базени во јуни, дури и по цени под 100 евра за ноќевање. Има зголемена побарувачка од странци за самостојни вили дури и за еден месец, пренесува Крит.

Дел од туристичките фирми на овие острови сè уште не прифаќаат резервации во очекување на условите за патување меѓу европските земји.

Сите вработени во туристичката индустрија ќе бидат тестирани за коронавирус според здравствените регулативи.

И додека некои сопственици се категорични дека нема да го отвораат хотелите ова лето, други бараат бараат дозвола ран почеток на сезоната. Од синдикатот на сопственици на мали хотели и приватни апартмани на Халкидики бараат дозвола да прифатат туристи од почетокот на месец јуни, не јули, како што соопшти ресорното министерство. За малите хотели и кампови на Халкидики веќе имаат потенцијални клиенти за јуни од соседните балкански земји, главно Бугари, Романци и Срби, соопштија претставници на браншата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO