Фото: Роjтерс

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска треба да се сретне со шефовите на шеснаесет германски сојузни покраини во врска со натамошните чекори во ослободувањето на строгите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во Германија. Можно е да биде донесена одлука за продолжување на сезоната во германската прва фудбалска лига.

Претходно, регионалните министри за спорт соопштија дека е „оправдано“ лигата да продолжи „на празни стадиони од средината или крајот на мај“. Во средината на март фудбалот во Германија беше суспендиран поради коронавирусот. Германската фудбалска лига во минатата недела објави дека е подготвена да продолжи на 9 мај, зад затворени врати, со строги мерки за хигиена и играчите да бидат тестирани редовно.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO