Германската Влада одлучи да и помогне на националната авиокомпанија Луфтханза со девет милијарди евра.

Дигиталниот економски магазин „Бизнис инсајдер“ се повикува на извори од компанијата и соопшти, дека државата ќе го преземе учеството во компанијата и за девет милијарди евра ќе добие малцински пакет со право да блокира одлуки.

Државата добива до два мандата во Надзорниот одбор.

Договорот е постигнат вчера помеѓу претставниците на Владата и компанијата Луфтханза, а директорот на авиокомпанијата Карстен Сфор, канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Олаф Шолц треба само формално да го потврдат докуметот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO