Рестриктивните мерки преземени од страна на француската влада за спречување на ширењето на коронавирусот ќе резултираат со економска загуба од 120 милијарди евра. Присилните заштеди ќе достигнат 55 милијарди евра, според Институтот за економски истражувања OFCE.

Во извештајот, објавен денес, се предвидува пад на БДП од 32%, што одговара на 5 поени од БДП на Франција за 2020 година, објави МИА.

Речиси 60% од намалувањето на националниот доход се апсорбира од јавната администрација со зголемување на дефицитот, а 35% е на штета на бизнисот.

Развојот на активностите силно ќе зависи од потрошувачката на граѓаните, т.е. дали би биле подготвени да потрошат што е зачувано за време на рестриктивните мерки.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO