ʺПред неопходноста и боговите отстапуваат“, вели древна изрека, која се чини, дека наоѓа целосна применливост во денешната реалност, доколку неопходноста да останат сите дома на сигурно место, води до коренити промени во празнувањето на Велигден, а интернетот го зазема почетното место во сите краишта на светот, пишува грчката агенција АНА-МПА.

Во Грција, каде што овогодинешниот Велигден ќе ги најде верниците во своите домови, литургиите се емитуваат на телевизијата, но и на интернет, „движењето“ низ каналите со верска содржина на ЈуТјуб е тешко, а мајстори-готвачи, но и готвачки со долгогодишно искуство зад грбот, даваат совети на интернет и идеи за „совршена јагнешка супа“ и за јагне во тава или тенџере, како што наложуваат ограничувањата на денот.

Во истото време, општини ги повикуваат граѓаните да ги осветлат своите балкони и да пеат од таму „Христос Воскресна“, вечерта на Воскресението и семејствата се подготвуваат за онлајн „собири“.

Заедно на трпеза преку … скајп

70 годишната г-ѓа Марија живее сама во едно мало село во близина на градот Пела, и покрај тоа што ја одделуваат помалку од 50 километри од нејзината ќерка, која живее во Солун, двете нема да можат да седнат на една и иста празнична трпеза за Велигден годинава заради строгите, но неопходни мерки за ограничување на коронавирусот. Затоа тие решија да го надминат географското растојание со помош на технологијата, да ја постават во еден и ист час трпезата на Велигден, со помошта на онлајн врска преку Skype да јадат заедно и да си ги разменат своите желби!

ʺЌе го ставам таблетот каде што обично седи ќерка ми, за да изгледа дека јадеме заедно“, вели 70-годишната жена, која во време на коронавирусот стана … експерт за социјалните медиуми, како што вели на шега, за да може да комуницира секој ден со своите деца и нејзините браќа и сестри.

Таа не е единствената, што ќе се искористи од „подароците“ на технологијата за да ги помине празниците „заедно“, но и далеку од нејзините најблиски, затоа што оние што организираат вакви дигитални „собири“ се многу.

Со хумор и творештво

Може оваа година трендот да е јагнешко во фурна, но ʺносталгичаритеʺ на печеното на жар – особено оние со чувство за хумор – можат да прибегнат кон една апликација на Андроид која датира од 2014 година и предлага интернет ʺприготвувањеʺ  на јагнешко на стап , кое се разбира е пропратено со музика.

И бидејќи творештвото за време на карантинот зазема централно место, една електронска платформа ги поттикнува оние кои заради рестриктивните мерки ʺостануваат дома“ далеку од храмовите, да запалат виртуелна свеќа на нивниот мобилен телефон или компјутер, при што постапката е опишана за нив чекор по чекор.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO