
На една страна леб и сол, на другата протест и негодување. На 17-ти Април 1941 г. дел од Петтата бугарска армија влегува во од Германците превземената македонска територија. Мажи, жени, старци и деца со леб и сол излегуваат од градовите и села за да ги пресретнат бугарските војници. Се развиваат бугарските знамиња зачувани од 1912 год. Ветераните од Македоно-Одринското Ополчение ги облекуваат своите униформи со одликувањата и медали од претходните војни. Камбаните на црквите почнуваат да бијат прославувајќи го претстојниот празник и ослободување.
Со солзи во очите се поздравуваат: „Христос воскресе Македонци ! Белград падна, Македонија е слободна !“
Веднаш после германската победа на Југословенската армија, за да се спречи безредие бугарските власти испраќаат група офицери да организираат времено управување до пристигањето на Бугарската армија. Еден од нив е поручник Сотир Нанев кој ни ги пренесува импресиите од нивното престигање.
Најголемиот дел од офицерите во неговата дружина се со потекло од Македонија. Првите стапки се низ преодот Камилата, каде што на пат за Крива Паланка ги пресретнуваат местните селани со спуштени капи и сјаечки очи, поздравувајќи ги.
Од таму одат за Куманово, каде што живеел еден од групата. На вратата го пречекува неговата мајка:
„Ја имав изгубено надежта сине. Годините тежат, мислев дека нема да те видам повторно !“
Патот ги носи низ Скопје, каде што огромно множштво народ се собрал пред црквата св. Димитрија, за богослужбата на бугарски јазик. Од таму кон Велес и Прилеп. Низ Ресен кон Охрид, кој е под италијанска окупациона зона. Реки од народ ги пречекуваат низ градот. Св. Климентовиот град е повторно слободен.
Но, има и такви кои не така честито го дочекуваат пристигањето на бугарските војски. Најчесто младинци од СКОЈ организираат низа протести наспроти пристигањето на Бугарската армија. Во Струмица пред Клубот на есперантистите, младинците од КПЈ организираат протест и со картата на обединета Македонија излегуваат пред 14-тиот пешадински полк на полковникот Димов, извикувајќи дека не сакаат голема Бугарија !
Напрегањата се чувствуваат и во Скопје, каде што војската патролира деноноќно за да се запази мирот и редот во градот. На протестот за 1-ви Мај по улиците минуваат младинци со пароли „Да живее слободна Македонија“ организирани од организацијата „Македонија на Македонците“.
За време на бугарското управување од Април 1941 г. до Септември 1944 г. во Македонија се изградени:
671 км железнички линии;
843 км патна инфраструктура;
28 моста;
27 училишта;
12 цркви;
Востановен е Универзитет и Народен Театар.
Потрошени се 38 милјарди лева за развој на целосно запуштената област.
Битката со Комунистите продолжува за време на целото управување. Но, од бугарската јавност најчесто тие се восприемани како „заблудени србомани“, не можејќи да ја разберат нивната стремеж за создавање македонска држава.
Независна и обединета Македонија е парола на две македонски страни, кои што не можат да се разберат меѓусебе.
На крајот тој слоган станува и самопотпишана смртна пресуда. Едните завршуваат на Зајчев Рид, другите на Голи Оток.
На крајот, со Советскиот преврат во Софија Бугарската армија преминува на другата страна и учествува во одлучувачката битка против Германците во близина на Страцин за ослободувањето на Југославија. Армијата која што ја „окупираше“ Македонија ја ослободи Југославија од „окупаторот“.
Народот повторно на улиците ги пречекува истите војници, но овојпат помешани со македонските партизани и црвени петокраки на главите.
Македонија е слободна. Христос воскресе Македонци !
Или сепак не ?
Зависи од која страна на орезот се наоѓаш.
ФБ статус на Александар Кавазов
