Нека уметноста биде контра-вирус и нè направи подобри, вели професорот Виктор Чучков, кој им посвети песна на бугарските лекари.

„Со музика би сакал да вметнам малку оптимизам и да изразам воодушевување за нашите лекари, нашите неверојатни лекари кои ги ризикуваат своите животи за нас! И на сите оние кои остануваат дома им помагаат на лекарите. Дозволете уметноста да биде контра-вирус и да нè направи подобри“, вели професорот.

Песната носи наслов „Чувство за Бугарија“, а идејата и изведбата на пијаното се на проф. Чучков, кој е светски познат уметник. Неговата фамилија се потомци на штипскиот војвода Ефрем Чучков, а синовите имаат филмска продукција и се наградувани во Македонија.


 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO