Во нормална земја за безбедноста на политичарите се грижи обезбедување и служба која може да им рече НЕ- СЕДИ НА ГАЗОТ МАДРО И ЧАО..

До денес не сум зборувал за броеви на заболени и слично. Но предизвикан од брилијантните победи врз вирусот К 19 морам малку да ви ги соопштам броевите.

Јас не знам математика нити статистика. Еден метод за пресметување на дериватите во берзанското работење но и ширење на заболени од бојни отрови, ист метод ми ја донесе следната формула за пресметка на заразени и заболени од К19, па сакам да ја споделам со вас еве .

Бројот на заболени 1 секогаш е поврзан и со тестирањето.

Да бројот на заболени денес е повисок за 40% од фактичката состојба. Тестовите се чекаат по неколку денови. Сметав и стапката на соопштувањето на тестовите, заради што правите бројки ги имаат само надлежните или пак

Денес имаме 1081, а тоа значи дека некаде 1500 имаме по 4 до 5 дена. Ако се задржи овој тренд. Односно имаме ПО 2 онакви кои ги чувствуваат симптомите или 3000 или пак по 3 е бројот што не ги чувствуваат симптомите или најмалку 9000, а некој соопшти и број дека се 13.000 од епидемиолозите што е точна средна бројка, а нај високата е 15.000.

Како што напишав ние пикот го чекаме нешто после мајските празници или до 10 мај, но доколку продолжиме вака ќе има одложување на пикот и тоа ќе биде некаде 18 па до 20 мај.

Ова беше нај лошото сценарио кое го напишав до сега. Во врвот лесно можеме да стасаме 60.000 заразени .Онаа бројка која ме натера хистерично да тролам дека ни треба вонредна состојба.

Бројот на заразени некаде на 20 мај со симптоми и тестирани би поминал 6000 до 8000, тие само со симптоми не тестирани 12.000 до 16.000, а без симптоми 35-40.000.

Обратете внимание на броевите и нивната манипулација во секоја земја.

Имате толку и толку заразени, еден огромен резервоар, толку и толку мртви и толку и толку излечени. Забележувате ли дека бројот на излечени е многу мал и тие што се заразени споро оздравуваат и ги нема во оздравените, висат да би биле распределени во оздравените и мртвите и после 20 и 30 дена.

Ова значи дека политичарите ја презеле сета улога за борба против вирусот во одредени земји.

Одговорни политичари не би играле вака.

Се надевам дека оваа математика ќе потфрли и дека нема да биде вака. Но ако биде ваква таа ќе не прати и на 1 јуни.

Изгледа е едно точно-Пикот ќе биде кога војската и полицијата почне да мава, а тогаш ќе биде доцна и за политичарите.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO