
Германскиот производител на спортска опрема Adidas ќе добие заем во висина од 2,4 милијарди евра за да го намали економското влијание од ширењето на коронавирусот, соопшти прес-службата на компанијата.
Средствата ќе бидат префрлени преку државната банкарска групација Kreditanstalt fur Wiederaufbau (KfW). Освен тоа, Adidas се договирил со конзорциум од банки да добие дополнителни 600 милиони евра помош. ʺВо врска со сериозните последици од пандемијата врз нејзиниот бизнис, Adidas презеде чекори обезбедување на финансиска флексибилност на бизнисот“, одбележуваат од KfW.
Кон крајот на март, германското Министерство за економија започна специјална програма преку KfW, преку која бизнисот може да добива неограничени заеми. Покрај тоа, формиран е Фонд за економска стабилизација (WSF), кој располага со околу 600 милијарди евра. Во истото време, државата го задржува правото да купи акции во стратешки важни компании во подоцнежна фаза.
