
Путин веќе си се затвори во бункерот и си прави видеоконференции со гувернерите на другите области, а исто од вчера таквите видео конференции ќе си се редовни, пренесувани на интернет, дел ќе бидат долги и отворени за јавност, како тие на Груевски, нормално, а дел затворени ама Видеоконференс.
Во еден дел зборува за напредокот на комуникациите, реди колку сателити лансирале или ќе лансираат и дава задача да побрзаат со 5 г мрежата заради забрзување на комуникациите во Русија. Има и лична негова изјава од пред неколку дена дека тие што мислат дека 5 г мрежата е штетна се некакви будали од Европа кои не знаат ништо од техника и комуникации.
Путин бе и ти не предаде.
Да предупреди дека за Велигден Русите да си седат дома заради стуацијата.
Три, четири дена читам нивни сајтови, следам Путин што вели и личности од владата, фирмите големи и така.
Искрено да ви кажам, веројатно Србите и Македонците си имаат свој Путин, а овој го немаат.
Овој е тврдо рационален. Овој Путин тврди дека, Русија и Америка никогаш не биле во војна .
Путин предавник. Ние на Балканот знаеме дека тој е во војна со Америка.
Неверојатна шизофренија и параноја на Балканот.
Трамп е посебна приказна.Таму броевите се ужасни. Вучиќ цело време го следеше во изјавите.
Од дека е во прашање обичен вирус и се смееше со тоа заедно со Трамп, дифолт, сојузник.
Денеска за двајцата, ова е ужас. Сојузници се во секоја изјава од јунуари до денес.
Путин, рационален, одмерен, тврд.Ништо до тоа сето што го има на интернет во Македонија и Србија за него, од квази политичари, квази аналитичари и забегани.
Ако не верувате ова е линкот.
