Во 1895 г. по востанието во Мелничко бил организиран канал за внесување оружје од Бугарија. Преку граница материјалот го носеле селани до Кочани, Виница и Штип. Во тоа време Делчев е во Штип и ги спрема нарачките кон внатрешноста. Со првата пратка во Битола од Штип пристигаат 8 бомби. Во втората пратка требало да стигнат уште 4. Но, на влегувањето во Битола колџии, кои барале тутун, го сопираат кираџијата Доне. Испратените бомби биле измешани во вреќите со ориз. Колџиите со шиковите случајно удираат во железото. Доне пробал да избега, меѓутоа колџиите го фатиле. Турците незнаејќи што се бомби, со страв ги извеле од кошницата.

Валијата Абдул Ќазим ги собрал конзулите за да им покаже што се’ се спрема во Македонија. Од страв Доне да не ја издаде Организацијата, во затворот се превзеле мерки истиот да биде ликвидиран веднаш, ако „пропее“.

Претходно уапсениот терорист на Организацијата Јордан Гавазов ги откорнал гредите над Доневата келија и почнал да го распрашува кој му ги дал бомбите, за да види дали ќе се издаде.

Меѓутоа Доне не кажал ниту збор. Горен со железо по грбот, тепан, измачуван, Доне останува цврст до крај, доследен со одговорот: „Не знам ништо, некој друг ми ги има ставено бомбите во вреќите“.

Почнале да му стигаат печени кокошки и пити на Дончо во ќелијата, откако се расчуло за неговата непопустливост. Неговата цврстина оставила голем впечаток врз сите дејци на Организацијата. Луѓето почнале да се натпреваруваат кој повеќе маки ќе истрае. Така се создала традиција никој ништо да не издава.

Андон Стојанов- Дончо Штипјанчето бил осуден на 100 год. затвор. Единствено побарал од Организацијата по една вреќа брашно за неговите деца дури е на робија. Неговото име станало симбол за храброст и преданост кон татковината. Кога излегол од затвор со смеа раскажувал за своите маки.

Аферим бре калеш Дончо, никој не издаде !


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO