
Претставникот на Белата куќа – Ричард Гренел го заплашува Косово, обидувајќи се да ја натера земјата да се согласи со српските барања, како дел од „процесот на преговори“ за нормализирање на односите меѓу двете земји.
„Какви американски интереси наложува Трамповата администрација на Балканот, преку својата дипломатија, да ја дестабилизира малата и незаштитена проамериканска земја Косово за време на пандемија?
И, зошто тимот на Трамп го стори тоа, откако Соединетите држави насилно ја запреа Србија во 1999 година, што требаше да изврши геноцид во Косово “, напиша поранешниот американски амбасадор во Бугарија, Џејмс Пердју, за новинската агенција The Hill“.
Ова е многу вознемирувачко, особено ако се има предвид фактот дека Соединетите држави активно се борат за независността на Косово и дека Косово стана најпроамериканска земја во Европа откако се стекна со независност. Сепак, денешната американска дипломатија ја претпочита Србија, која е најблизок сојузник на Русија во регионот. Претставникот на Трамп, Ричард Гренел го заплаши Косово, обидувајќи се да ја натера земјата да се согласи на српските барања, како дел од „процес на преговори“ за нормализирање на односите меѓу двете земји.
Денес, Гренел е во првите редови на американските дипломатски напори за Косово. Покрај тоа, тој е амбасадор на САД во Германија и в.д. директор за национално разузнавање. Ова е апсурден опсег на должности за лице со многу мало дипломатско искуство и без разузнавачко искуство. Како амбасадор во Германија, Гренел стана вистинска катастрофа ако стандардот е соработка помеѓу САД и нејзиниот најважен демократски сојузник во Европа.
Германските официјални лица едвај чекат да си отиде од нивната држава. Сузан Рајс, претставничка на Соединетите држави во Обединетите нации, го нарече Гренел „една од најгрдите и најнечесните луѓе со кои сум се сретнала“. Денес, Србија е предводена од националистот Александар Вучиќ, кој користи етничка омраза како алатка за да добие политичка поддршка во земјата. Ова е исто како што направи Слободан Милошевиќ во 90-тите.
Денес српските водачи во Белград продолжуваат да провоцираат раскол и непријателство во Босна и во Косово. Владимир Путин е среќен што му помага на Белград и во сè што го слабее единството на Западна Европа и Соединетите држави. Она што го прават Трамп и Гренел сега на Косово е далеку од успешната политика на САД во регионот.
Еден од американските принципи што донесе мир на Балканот до 2008 година беше идејата дека границите се фиксни и треба да се бараат политички одлуки само во тие граници. Охридскиот договор, кој ја спречи војната во Македонија, јасно кажува дека „нема територијални решенија за етничките проблеми“.
Решението за овие проблеми е да се дадат права, но не територии. Моќна коалиција на меѓународни партнери предводени од САД, преку интензивна дипломатија и воени сили, стави крај на геноцидот на Србија во Босна, ја запре ужасната хуманитарна катастрофа во Косово и го спречи избувнувањето на граѓанска војна во Македонија од 1995 до 2008 година, кога поранешна Југославија се распадна.
Овие акции, предводени од Американците на територијата на поранешна Југославија, станаа голем успех во надворешната политика за Соединетите држави во раниот постсоветски период. Денес, Косово е суверена демократска држава, признаена од 97 земји. Сепак, Србија, користејќи го своето влијание, го блокираше влезот на Косово во ООН и другите меѓународни организации. Како одговор на тоа, Косово воведе 100 проценти давачки на увозот на стоки во Србија. И Гренел ги повика косовските власти да ги укинат овие такси за да продолжат со прекинатите преговори.
Бидејќи меѓународните санкции и давачки се омилена мерка на администрацијата на Трамп, спротивставувањето на основаните и легитимни царински давачки за српскиот увоз во Косово се чини како парадокс што оди целосно против логиката. За да ја присили Приштина да го укине ова ембарго, САД ја прекинаа помошта за Косово. Некои лидери во Вашингтон дури почнаа да зборуваат за повлекување на мал контингент на американски трупи од земјата, што од 1999 година е инструментално за обезбедување на безбедност на Балканот.
Ова беше најважниот фактор што доведе до пад на владата на премиерот Албин Курти за време на ширењето на COVID-19 во регионот. Со Косово сега управува слаба преодна влада. На Гренел му се допаѓа позицијата на ветеранот во косовската политика и актуелниот претседател Хашим Тачи, кој претпочита договор со Белград, иако предвидува размена на територии меѓу Косово и Србија.
Во личен разговор во Вашингтон пред една година, му реков на Тачи дека договорот за „корекциjа на границите“ е српска мамка што нема да доведе до ништо, и дека на администрацијата на Трамп не треба да и се верува во преговорите со Белград. Тој го игнорираше мојот совет.
Се поставуваат многу прашања во врска со мисијата на Гренел во Косово. Зошто човек со толку мало искуство и толку голема одговорност дома е вклучен во вакви важни преговори меѓу двете слаби балкански противници? Зошто Гренел ја зазема страната на Србија во преговорите? Зошто САД ја дестабилизираат проамериканската земја во толку бурно време?
Нешто тука не е во ред.
Како воинствен и лојален поддржувач на Трамп, Гренел веројатно се труди да му угоди на својот шеф. Но, јас имам сомнеж дека тука има нешто повознемирувачко, бидејќи јас сум многу сомнителен за односот меѓу Трамп и Путин. Се сомневам – без докази – дека Путин ги претставил своите про-српски ставови на Трамп, истакнал дека Албанците се муслимани, а потоа побарал помош во преговорите од Трамп.
Како што е секогаш се случува, со необмилсените назначувања на Трамп, тој го направи својот лојален слуга, агресивниот и непријателски настроен Гренел, управник на Косово. Ова е вистински подарок за Путин, кој сака да и прави проблеми од секава природа на Европа. Дипломатијата инспирирана од Трамп во поранешна Југославија е еднаква на тоа да поставите запален кибрит во рацете на 2-годишник и да го ставите да си игра во куп со сено.
Мисијата на Гренел на Косово може да го дестабилизира Балканот и да не ги исполни американските интереси. Сегашната политика на САД кон Косово во најмала рака е пример за дипломатска неспособност. Но, сосема е можно тоа да е и службен престап. Додека КОВИД-19 беснее во САД и Европа, на Гренел не смее да му се дозволи да го шета Балканот и да уништи сè со неговите несоодветни дејства. Факт е дека тој нема знаење, искуство, нема дипломатска способност да ја подобри ситуацијата.
Наместо тоа, Соединетите држави треба да и помогаат на една стабилна косовска влада да ја надмине појавената здравствена криза. Односите меѓу Косово и Србија се долгорочен проблем и тоа бара сериозно и професионално дипломатско внимание, а не неоправдана и еднострана политика која е во прилог на српските и руските интереси.
Џејмс Пардју е поранешен амбасадор на САД во Бугарија од 2002 до 2005 година. Тој беше помошник генерален секретар на НАТО и ја напиша книгата Мировници: Американско лидерство и крај на геноцидот на Балканот (Peacemakers: American Leadership and the End of Genocide in the Balkans)
