Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина ноќта на интензивна нега во една централна лондонска болница, откако се влошија неговите симптоми на коронавирусот. Даунинг стрит објави дека Џонсон бил пренесен по совет на неговиот медицински тим и му била укажана „одлична грижа”. Претходно Џонсон побарал од секретарот за надворешни работи Доминик Раб да го замени „таму каде што е потребно“. Премиерот Џонсон беше примен во болницата „Свети Тома“ со „постојани симптоми“ во неделата вечер.

Кралицата Елизабета е информирана за здравјето на премиерот, пренесува Бакингемската палата. Светските лидери, вклучително и американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, изразија поддршка за Џонсон.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO