Британскиот премиер Борис Џонсон е примен во интензивно одделение, откако неговата состојба се влошила, соопшти Би-Би-Си. Првиот позитивен тест на Џонсон за коронавирус беше пред 10 дена, а потоа тој имаше лесни симптоми и беше изолиран во неговиот дом.

Денес, неговиот портпарол објави дека тој сè уште страда од симптомите и бил примен во болницата „Свети Тома“ вчера вечерта. Во соопштението од Даунинг стрит се вели: ʺПопладнево состојбата на премиерот се влоши и по совет на неговиот медицински тим е преместен во интензивното одделение на болницата“. Премиерот побарал од министерот за надворешни работи Доминик Рааб да ги извршува неговите функции доколку е потребно.

ʺПремиерот добива одлична грижа благодарение на перфектните медицински лица, нивната напорна работа и решеност“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO