
Белата ракавица со кристали на Мајкл Џексон, која ја носеше за време на неговите концерти и видеа, е продадена на аукција во американската држава Тексас за над 100.000 долари, соопштува весник ʺСанʺ.
Ракавицата е една од визит картичките на кралот на попот. Тој ја носеше за време на неговата концертна турнеја Bad Tour, која траеше од септември 1987 до јануари 1989 година.
Таа е продадена за 104.268 долари и нејзиниот сопственик е анонимен. Тој исто така доби и специјално писмо со кое се потврдува дека раквицата првично била донирана на УНИЦЕФ во 1998 година, и писмо од продукциската компанија MJJ Productions , основана од Мајкл Џексон.
Кралот на поп музиката почина изненадувачки на 25 јуни 2009 година, потопувајќи го целиот свет во тага. Најверојатната причина за неговата смрт е предозирање со лекови. Пејачот е погребан на 3 септември во ЛА.