Минатата седмица на заседание на Советот на Европската унија, беше решено да се започнат преговори со Албанија и Северна Македонија за полноправно членство во унијата. На средба, спроведена преку видео конференција во врска со пандемијата со COVID-19, министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија за проширувањето на Унијата во Западен Балкан. Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархели, на крајот на средбата рече: ʺМногу е пријатно е што земјите-членки на ЕУ постигнале политички договор за започнување на преговори за присоединување со Албанија и Северна Македонија“. Вархели одбележа , дека во истото време тоа решение испраќа јасен сигнал до земјите од Западен Балкан и иднината на земјите од регионот е во ЕУ.

Во Скопје и Тирана, решението на министрите за надворешни работи на ЕУ беше поздравена. Редица држави, вклучително и Турција и САД, го поздравија решението и излегоа изјави за поддршка на него. Всушност, на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ, не беше лесно да се одлучи да се започнат преговори со Албанија и Северна Македонија. Бариерата во форма на критика, изразена на почетокот на средбата од Франција, Холандија и Данска, беше надмината по долги преговори и овие земји индиректно го одобрија почетокот на преговорите.

Односите на Западен Балкан со ЕУ

Фактот што на заседанието министрите за надворешни работи на ЕУ дадоа зелено светло за преговорите со Албанија и Северна Македонија е во согласност со целокупната стратегија донесена од Алијансата за Западен Балкан во 2003 година. На самитот во Солун во 2003 г. Западен Балкан беше објавен за дел од Европа, а за државите лоцирани во тој регион, беше решено постепено да бидат примани во ЕУ, доколку тие ги исполнуваат критериумите од Копенхаген.

Кон земјите од Западен Балкан припаѓаат сите земји од поранешна Југославија, со исклучок на Словенија. А имено – Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово. Хрватска започна преговори за полноправно членство во ЕУ во исто време со Турција и во 2013 година стана членка на унијата. Преговорите со Србија и Црна Гора се во тек. Македонија, која во 1991 година се прогласи за поранешна југословенска Република Македонија, беше спречена да гради блиски врски со ЕУ од Грција. Атина, истакнувајќи дека постои грчки регион под истото име како земјата, го користеше името ʺРепублика Скопје“ наместо ʺМакедонија“. Поради овој спор, Грција го спречуваше развојот на односите на Македонија со ЕУ. Како дел од напорите за надминување на пречките поставени од Грција, со склучувањето на Договорот од Преспа, земјата започна да се нарекува ʺСеверна Македонија“ и овој факт беше фиксиран со резултатите од референдумот. И Република Босна и Херцеговина и Косово се земји од Западен Балкан кои не можат да постигнат напредок во односите со ЕУ.

Пречки пред кои се исправени Босна и Херцеговина и Косово на патот кон ЕУ

Дејтонскиот договор го спречува напредокот во односите меѓу Република Босна и Херцеговина и ЕУ и НАТО. Овој договор од 1995 година, со кој заврши граѓанската војна во Босна и Херцеговина, ја консолидираше административната структура на земјата, составена од два ентитета наречена Федерација на Босна и Херцеговина и Република Српска, како и уставниот систем на земјата. Во согласност со Дејтонскиот договор и важечкиот устав, за за може државата Босна и Херцеговина да преземе меѓународни обврски, тоа бара согласност од двата ентитета. Со други зборови, за државата Босна и Херцеговина да преземе иницијатива за секое прашање во надворешната политика, неопходна е согласност од Република Српска.

Република Српска, во која доминираат српските ултранационалисти, не се признава како дел од Босна и Херцеговина и се застапува за анексирањето на нејзината територија, на која таа се наоѓа. Оваа идеја, насочена кон агресивно заземање на земја и не во согласност со реалностите на Балканот, не е поддржана од раководството на Србија, кое преговара со Европската унија од 2014 година. Во меѓувреме, раководството на Република Српска ја интерпретира ова ситуацијата ʺкако предавство од татковината“. Денес Република Српска има негативно влијание врз односите на Босна и Херцеговина со ЕУ и го спречува пристапувањето на земјата во НАТО. До преразгледувањето на Дејтонскиот договор, Босна и Херцеговина веројатно нема да оствари напредок во односите со евроатлантските меѓународни организации.

Друга држава на Западен Балкан која на некаков начин е изолирана е Република Косово. Како еден од автономните региони на поранешна Југославија, Косово прогласи независност во 2008 година, во согласност со планот на Марти Ахтисари. Косово е признато од 116 земји во светот. Планот на Ахтисари содржи три услови за независност. Првиот од нив се заснова на гледната точка дека српското раководство применувало етничко чистење против Албанците, кои претставуваат мнозинство од населението во Косово, и затоа операцијата на НАТО беше спроведена во март 1999 година.

Во таа врска зачувувањето на Косово како дел од Србија е признаено како некомпатибилно со животните реалности. Според вториот услов, Косово не треба да се подели. Денес, поголемиот дел од населението во регионот Митровица во Република Косово се срби. Договорот ги блокира сепаратистичките барања на овие срби. Конечно, во согласност со третиот услов, независното Република Косово не смее да се обединува со друга земја. Така, обединувањето во иднина на Република Косово со Албанија или албанскиот регион во Македонија беше спречено.

Една од најголемите пречки пред Република Косово е противречниот карактер на решението за нејзина независност. Некои земји, особено Русија и Кина, се спротивставија на независноста на Косово и сметаа дека одвојувањето на малцинството кое живее во регион на суверена држава во рамките на правото на самоопределување е спротивно на меѓународното право. И покрај тоа што легитимноста на сепаратистичките стремежи се заснова на дејствијата на српското раководство, споредливи со етнички геноцид, независноста на Косово е пречекана со претпазливост од многу земји. Поради пречките од Русија и Кина, Република Косово не може да стане членка на ООН. Оваа состојба негативно влијаеше врз воспоставувањето блиски односи на Република Косово со ЕУ и нејзината интеграција во ЕУ. Пет од 27-те земји на ЕУ не го признаваат Косово. Тоа се грчката администрација на Јужен Кипар, Грција, Шпанија, Словачка и Романија.

Посебниот став на овие земји за Република Косово се објаснува со нивниот страв дека ваквите проблеми ќе влијаат и врз нив. Грција и администрацијата на кипарските Грци стравуваат дека Косово ќе биде пример за Севернокипаркста Турска република. Словачка не го признава Косово заради сепаратистичките барања на унгарското малцинство во земјата и Романија заради Приднестровската Република, создадена од руското сепаратистичко малцинство во Молдавија. Стравувањата од Шпанија главно се должат на обидите на сепаратистите на Баскија и Каталонија да ги легитимираат нивните барања. Затоа, бидејќи Косово не го признаваат пет од 27-те земји-членки на ЕУ, напредок во односите со Унијата не може да се постигне.

Датумот на започнување на преговорите ќе го одредат шефовите на држави или влади

Фактот што министрите за надворешни работи на ЕУ го одобрија започнувањето на преговорите за полноправно членство со Албанија и Северна Македонија, без сомнение е исклучно важна етапа и пресвртница за овие земји. Двете земји долго време чекаат за почеток на преговорите. На средбата на Советот на ЕУ во октомври 2019 година, Франција стави вето на почетокот на преговорите, повикувајќи се на длабоките проблеми во ЕУ. По тоа вето во Западен Балкан започнаа спорови за довербата во ЕУ. Така што, решението донесено од министрите за надворешни работи во време кога епидемијата КОВИД-19 ја окупира целата светска агенда треба да се смета за добра вест за Западен Балкан. Особено за Македонија, која се подготвува за членство во ЕУ од 2005 година, оваа вест означува почеток на нова ера.

На истиот начин, за Албанија, која беше изолирана од светот во текот на Студената војна, оваа одлука значи и прифаќање во европското семејство. Административните процедури се очекува да бидат завршени во наредните месеци, што ќе послужи како основа за започнување на преговорите меѓу овие земји и ЕУ. Од друга страна, започнувањето на преговорите за полноправно членство ја наложува потребата Албанија и Северна Македонија да ги исполнат критериумите од Копенхаген. Критериумите утврдени на Самитот на ЕУ во Копенхаген во јуни 1993 година предвидуваат земјите-кандидатки да постигнат европски стандарди во областа на демократијата, човековите права, владеењето на правото и малцинските права. На овие критериуми, вклучително и минималните обврски што требаше да ги исполнат земјите од поранешниот Варшавски пакт, поранешниот СССР и поранешна Југославија за да го достигнат нивото на западната демократија, со времето се додаде уште еден: способноста на ЕУ да биде подготвена за примањето на нова членка или, со други зборови, „толеранција“ кон неа

Понатамошниот развој на односите меѓу Албанија и Северна Македонија со ЕУ ќе биде обликуван во голема мерка во согласност со рамковниот документ за преговори. Документот, кој ЕУ го усвои на почетокот на преговорите и му го претставува на земјата-кандидат, содржи одредби за тоа како ќе продолжат преговорите за полноправно членство, клаузули за исклучоци и преодни периоди. Одлуката за конкретен датум за започнување преговори со овие земји ќе ја донесе Советот на шефови на држави или владини раководители на ЕУ.

Борбата за влијание продолжува на Западен Балкан

Решението за започнување на преговори со Албанија и Северна Македонија за полноправно членство во Европската унија значи дека влијанието на ЕУ во Западен Балкан ќе се зголеми. Сепак, тоа не значи дека регионот целосно ќе влезе во подрачјето на влијание на ЕУ. На крајот на краиштата, Балканот е тампон зона помеѓу најголемите сили скоро 20 години. На Западен Балкан, земји со силно влијание на САД се Косово, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. САД имаат голема воена база во Косово, оставена од интервенцијата на НАТО. Повеќето Албанци се благодарни на поранешниот претседател Клинтон за неговата поддршка. Една од најголемите улици во главниот град Приштина е именувана по Клинтон. Влијанието на САД во Македонија се објаснува со слични причини.

Во ноември 1991 година, Соединетите држави одлучија да распоредат две илјади маринци во Македонија како мировен контингент, така што Србија предводена од Милошевиќ не успеа да употреби сила како одговор на декларацијата за независност на таа земја. И во Босна и Херцеговина, САД станаа играч за прекин на граѓанската војна што траеше три и пол години. Како резултат на американскиот притисок, беше потпишан Дејтонскиот договор во 1995 година. Фактот дека, за време на крвавиот масакр во Централна Европа, САД ја презедоа иницијативата додека земјите од ЕУ беа неактивни и зазедоа пасивна позиција, ги зголеми симпатиите кон САД во Босна и Херцеговина.

Друга сила што се обидува да воспостави влијание во Западен Балкан е Русија. Во војните во Босна и Херцеговина и Косово, Русија ја поддржа Србија. Денес, Русија се обидува да го задржи своето влијание во регионот врз основа на етничка, религиозна припадност и енергија. Од време на време, Русија ја издига на дневен ред словенската солидарност на Балканот, тврдејќи дека поголемиот дел од жителите на регионот припаѓаат на јужната гранка на Словените, а Русија ги заштитува Словените на татковски начин. Второ, Русија тврди дека е центар на православните народи на Балканот. Народите од регионот се поканети да ја признаат јурисдикцијата на Руската православна црква. Третиот инструмент што Русија го користи е енергијата. Повеќето од балканските земји ги исполнуваат своите енергетски потреби со природен гас што доаѓа од Русија. На балканскиот пазар на енергија, тежината на руските нафтени компании, како Роснефт и Лукоил, се зголемува секој ден. Во исто време, Русија не можеше да ја спречи Србија да започне преговори со ЕУ и не го спроведе гасоводот „Јужен тек“ преку Бугарија. И покрај обидите на Русија да го спречи тоа, Бугарија и Романија влегоа во НАТО во 2004 година, Албанија и Хрватска во 2009 година, Црна Гора во 2017 година и Северна Македонија на 27 март 2020 година.

Друг играч кој го проширува своето влијание на Балканот со активна употреба на елементи на мека сила е Турција. Додека во раните 90-ти години списокот на земји со кои Турција соработуваше на Балканот беше ограничен на Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија, денес тој ги опфаќа скоро сите балкански земји. Дури и во земји како Србија и Црна Гора, со кои Турција немаше најдобри односи во 90-тите години, турската агенција за соработка и координација (TİKA) успешно ја продолжува својата дејност. Главните фактори кои ја зајакнуваат позицијата на Турција во однос на нејзините конкуренти во регионот се нејзините историски и културни врски, како и нејзината економска динамика. Основата за стабилноста на влијанието на Турција во регионот е тоа што западниот дел на Балканот останува под власт на Отоманската империја 200 години, а источниот дел 400 години.

Така, денес, борбата за влијание во Западен Балкан е во тек. Во сегашните околности, можеме да кажеме дека ЕУ, која одлучи да започне преговори со Албанија и Северна Македонија за полноправно членство во Унијата, доби предност пред своите конкуренти и се придвижи напред. Освен тоа, ЕУ има предност на тоа што земји како Грција, Словенија и Хрватска се членки на ЕУ, додека Србија и Црна Гора продолжуваат со преговорите за пристапување во Унијата.

–––––––––––

Ирфан Каја Улгер, Анадолска агенција

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO