
СРАМОТА !!!
Во некое друго време, кога би било нормално да водиме политичка битка, прагматизмот би ме натерал да се радувам на ваквата инфантилна постапка и лага на првиот човек на опозицијата.
Сепак, во оваа денешна состојба, кога се соочуваме со смртоносна пандемија која не познава полова, верска, национална или политичка разлика, секојдневно да го напаѓаш министерот за здравство, да шириш дефетизам и да се прикажуваш како херој преку објавување на лажни вести е во најмала рака- жалосно.
Ќе го повторам тоа што го порачав пред десетина дена:
Оставете ја на страна политиката, сега ни е потребно заедништво и солидарност. Неопходна е ЗАЕДНИЧКА битка!
Срамота е ова што го правите. Ако веќе не сакате и не можете да помогнете, тогаш барем не одмагајте!
––––––––-
FB статус на заменик министерот за надворешни работи Андреj Жерновски