Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Димитар Бербатов, изјави дека најголемиот соперник на ʺцрвените ѓаволиʺ Ливерпул заслужува да биде крунисан за шампион во Премиер Лигата и ќе биде неправедно за тимот на „Енфилд“ доколку сезоната не може да заврши поради пандемијата од коронавирус.

Кампањата беше сопрена, а вчера од лигата соопштија дека датумот на обновување „постојано ќе се преразгледува“. На Ливерпул, кој има предност од 25 бода пред актуелниот шампион Манчестер Сити, при преостанати девет кола, има потреба од шест бода за да ја обезбеди својата прва титула по 30 години. ʺЛуѓето велат дека титулата треба да биде дадена на Ливерпул и искрено, тие го заслужуваат тоа заради начинот на кој играа досега оваа сезона, никој немаше да ги достигне. На начинот на кој ги играат своите натпревари, играта што ја покажаа и огромната предност што ја имаат, тие целосно ја заслужуваат титулата оваа сезона “, започна Бербатов за Betfair, кој има постигнато 56 голови во текот на четири сезони со дресот на Јунајтед.

Додека имаше шпекулации за намалување на бројот на натпревари до крајот или дури и предвремен крај на кампањата, Премиерлигата рече дека нивна цел е да бидат завршени внатрешното првенство и куповите. ʺИ покрај тоа, секое враќање ќе биде само со целосна поддршка од владата и кога медицинските препораки ќе дозволат“, се вели во вчерашната изјава од лигата.

Поранешниот бугарски репрезентативец Бербатов, кој играше уште и за Тотенхем и Фулам во Премиер лигата, изјави дека не знае која одлука во однос на завршување на првенството ќе биде правиланата, додавајќи дека „каква и да е одлуката, нема да биде толку популарна“. Во 2010 година, Бербатов стана првиот играч на Јунајтед кој постигна хет трик против Ливерпул во последните 64 година, при победата на „црвените ѓаволи“ со 3: 2 на „Олд Трафорд“. ʺТолку е чудно, ќе биде неправедно кон Ливерпул, доколку сезоната се откаже, тие ќе бидат многу разочарани“, заклучи тој.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO