485 се потврдените случаи на КОВИД-19 во Бугарија според податоците на Националниот оперативен штаб. Бројот на починтатите е веќе 14  – денес, доцна попладне, болницата „Александровска“ извести дека 83-годишна жена со КОВИД-19 починала во болницата. Таа страдала од хипертензија и дијабетес.

Според информациите од Националниот оперативен штаб, во текот на денот се докажани уште 8 случаи, при што 5 од нив се во Софија, 1 во Благоевград, 1 во Ќустендил и 1 во Видин. Лабораториите продолжуваат да работат.

173 се лицата со потврден КОВИД-19 кои се хоспитализирани под медицински надзор. 21 се пациентите со КОВИД-19 во одделенија за интензивна нега и клиники.

Во однос на целокупната слика – заклучно со 3 април: 275 од регистрираните случаи во Бугарија со КОВИД-19 се мажи, а 210 се жени. Просечната возраст на пациентите со докажана инфекција со коронавирус е 47 години.

Регистрираните случаи по административни области се следниве: Благоевград – 15; Бургас – 21; Варна – 23; Велико Трново – 4; Видин – 2; Габрово – 2; Добрич – 10; Крџали – 8; Ќустендил – 7; Ловеч – 1; Монтана – 18; Пазарџик – 8; Перник – 6; Плевен – 9; Пловдив – 29; Русе – 1; Силистра – 2; Сливен – 5; Смолјан – 13; Софија – 292; Стара Загора – 3; Хасково – 2; Шумен – 4.

Вкупниот број на потврдени случаи на КОВИД-19 кај медицинските лица е 22.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO