Автор: Стево Насковски, носител на листа на „Македонски Концепт“ за ИЕ5

30 март 2020 година знамето на Македонија се крена свечено во седиштето на НАТО во Брисел со што Македонија и официјално стана 30-та земја членка на Алијансата. За мене тоа претставува неизмерна гордост, чин со кој ја зацртавме државноста конечно. За тоа кои се придобивките од НАТО за Македонија, нема да коментирам , секој здраворазумен човек тоа може да го истражи ако досега не сознал..но има време за се, ќе сознаат и хејтерите. По повод овој настан во Македонија има дебата дали ни треба НАТО, за тоа дека буџетот ќе бил оптоварен, дека се лутела Русија, Кина, дека стануваме окупатори, фашисти, дека ќе гинеле наши војници по боишта, дека ќе не нападнеле, дека нема да почнат да растат парите на дрво од следниот ден…едно чудо неодмерени коментари од граѓани, новинари, вршители на јавни функции и за чудо од сите така наречени „критичари“ па слободно ќе кажам некаде 70% се луѓе кои себе си се декларираат како „Вмровци“.

Ние сме таков феномен што кога се случува нешто добро за државата, кога истата се етаблира на меѓународната сцена, кога се зајакнуваат нејзините позиции знаеме да ја исплукаме сочно како да станува збор за некоја душманска. Но, така било и 1991 година, кога се говорело за самостојност и прогласувањето на Декларацијата за независност на Република Македонија дебатата била дали да почекаме со прогласување на независност, па дали било време сега за тоа, дека требало да останеме во рамките на „братска“ Југославија, дека Македонија немало да опстане како независна држава, при што и самата Декларација за независност на 25 јануари 1991 година е донесена како втора или трета точка на дневен ред во Собранието, во сендвич помеѓу други закони, нешто мислам за околу риболовство и шумарство. Небаре ние не за првпат се стекнувавме со независна држава, па ајде да видиме прво со шумите и рибниот фонд, па ќе донесеме Декларација за независност.  Феномен!            И тогаш добар дел од гореспоменатите „Вмровци“ биле гласни за да се остане со Југославија, но тогаш како членови на СКМ-ПДП или како дел од Странката на Југословени во Македонија и други иделошки исти странки.

Но како и да е победи В.М.Р.О.! Победи В.М.Р.О и тогаш во 1991 година, победи В.М.Р.О. и сега во 2020 година! За да не стане некаква конфузија кај граѓаните, кога мислам на В.М.Р.О. мислам на идеологијата на ВМРО која имала максима „За независна Македонија“. Тоа ВМРО победи, победи идеологијата која констатираше дека Македонија е мајка на сите граѓани родени во неа независно од етничката, верската, расната и било каква друга проевиненција. Победи В.М.Р.О. кое во Крушевската Република имаше Влада составена од сите етникуми, од сите граѓани на Крушево. Не е почитувани граѓани ВМРО каде се пее песни за „Чиста Македонија“ или „Нека разберат клетите Шиптари“, ВМРО е сооработката и соживотот со сите, заедно сите под ова небо, видно во историјата преку лицето и соработката на Иван Михајлов и Хасан Приштина, преку Александров и неговите залагања за Незавинска Македонија, преку Делчев и Груев и нивните изјави за сооработка, соживот и културен натпревар. Тоа ВМРО имало војводи Власи, Турци, доброволци од Бугарија, Америка, Чешка, Русија, Унгарија, пријатели во сите Европски престолнини, тоа ВМРО е МПЦ-ОА, тоа е ВМРО е за НАТО, тоа ВМРО е ЕУ, тоа ВМРО е за Независна Македонија. Победи В.М.Р.О. и покрај се, покрај сите перипетии, сите поткопувања на државноста, обиди за дестабилизација и граѓански конфликти.

Но што да се очекува од општество каде сеуште булеварите, улиците, средните и основни училишта во градовите го носат името на Маршалот Тито, Ј.Н.А., плоштадите се именувани како „Нова Југославија, паркови како „Бановина“, на цела плејада на партиски дејци на КПЈ, па и такви како одродниците како Темистолки Попович (Темко Попов) и неговата дружина, а нема една гимназија во главниот град со име Ѓорѓи Делчев, да не зборувам за другите. Кој е тој друг народ во светот нека ми посочи некој кој ги слави своите окупатори, поробувачи, мачителите и асимилаторите и именува по нив објекти и им подига монументи?! Е тука лежи одговорот и за НАТО, односно зошто НАТО и ЕУ не се добри за некои и не ја гледаат Македонија како член на тие организации. Но што да правиме толку им е видеокругот, ограничен од целовремената и многугодишната пропаганда рамна на онаа од времето на Милошевиќ, поточно тоа е истата пропаганда но проширена и надградена. Така што поради наведеното, известувањето за конечното пристапување на Македонија во НАТО не ни беше пренесено од медиумите како што треба, беше некако на маргините на вестите, многу понезначајни вести добивале главен известувачки фокус на денот и ајде што не можевме јавно да прославиме поради епидемијата, но не се ни израдувавме за Македонија како што треба.

Тоа е, Вмровецот идеолошкиот, за кој говорам, не ни може  како што треба да и се израдува на мајчицата Македонија ниту кога стана независна, ниту кога замина ЈНА, ниту за успесите на Македонија, а тоа е така зошто истиот нема опција да гласа за чисто Вмровска опција. Тоа е така поради што имаме два блока едниот е СДСМ, наследник на СКМ-ПДП (Сојуз на комунисти на Македонија-Партија на демократски просперитет) кои пробуваат со нови ликови нешто да придвижат, да се претстават како модерна опција, но се додека имаат ликови од неславното минато бавно ќе оди придвижувањето кон прави социјал-демократи. И ја имаме другата опција ВМРО-ДПМНЕ, иако со предзнак ВМРО, сепак кадрите на СКМ-ПДП во два-три наврати извршија инвазија во истата, првиот наврат беше преку коалицијата со Демократска Алтернатива на Циле Тупурковски, вториот пат преку Коалицијата со НСДП на Тито Петковски, трет и во континуитет со Социјалистичка на Ѕинго, кои што кадри се позиционираа силно во партијата, при што и ја изместија идеолошката матрица. Ги препознаваме истите преку лицето на Мицкоски, Гога Силјановска, Михајло Маневски, Каракамишева, Камчев „херојот“ кој го „победи“ СЈО и финасиер на претседателските избори ми се чини, па гласноговорниците Миленко, Мирка, Латас… сите кадри на Црвенковски, сите стара комуњара од која првиве се откажаа. Значи иделошките Вмровци останаа без опција за гласање, тоа го велам од причина што Вмровец нема да гласа за кадри кои барале во минатото да останеме во состав на Југославија, а денес се со истата реторика, како на пример за тоа дека треба да биде активирано второто прашање од референдумот од 1991 година и да стапиме во Сојуз со некаква нова Југославија, поточно со Србија, Босна и Херцегоцина и евентуално Црна Гора и тоа дека МПЦ-ОА никогаш не заживеала како црква на Македонскиот народ- изјава на една членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за српски медиум пред некој месец!

Декларативно ако ги слушаш сите се за НАТО и ЕУ, но во пракса….е во пракса ги минираат сите процеси, измислуваат „патриотски причини“ за да ја закочат Евро-атланската интеграцијата, да го закочат заокружувањето на државноста и секогаш наоѓаат алиби за постапките, но во суштинските моменти сите молчат, како што сега сите молчаат за проектот „Мал Шенген“, реинкарнацијата на Југославија…. но забрануваната идеологија од комунизмот победи, победи и покрај се, победи В.М.Р.О., победи Македонија и ќе победува и во иднина…..

(продолжува)

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO