Во последните 24 часа се регистрирани 8 смртни случаи во Србија, со што вкупната бројка достигна 39 во земјата, соопшти МИА.

Просечна возраст на починатите е 70 години.

Денес се регистрирани три пати повеќе заразени лица од вчера – 305, со кои вкупниот број достигна 1 476 лица.

Хоспитализирани се 874 пациенти, од кои 81 се во сериозна состојба.

Тешка е состојба на Клиниката за акушерска гинекологија ʺНароден фронтʺ, каде 46 луѓе од персоналот се со позитивен тест за коронавирус и се поставени во карантин.

Од 13:00 часот во сабота до 5 часот наутро во понеделник, во земјата се воведува 40-часовна забрана за излегување.

Сменета е и мерката за пензионерите кои ќе можат да ги напуштат своите домови во сабота наместо во недела, за да пазаруваат. Времето за прошетка на домашни миленици е зголемено – секој ден од 23:00 до 01:00 часот и во недела од 08:00 до 10:00 часот.

Од Кризниот штаб објави дека на погребите не може да бидат присутни повеќе од 10 лица, а меѓу нив треба да се почитува задолжителното растојание од 2 метри.

Според премиерот Ана Брнабиќ, Србија влегува во петтата недела од борбата против коронавирусот, а претстои „најтешката фаза во справувањето со епидемијата“.

Денес, Србија потпиша и договор за помош од ЕУ во висина од 4,9 милиони евра.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO