Претседателот Александар Вучиќ денеска разговараше по телефон со францускиот претседател Емануел Макрон, кој изјави дека Србија може да смета на целосната поддршка на Франција, соопштува ʺТелеграфʺ.

ʺПретседателот Макрон му кажа на претседателот Вучиќ дека Србија, како и самиот претседател Вучиќ, ја имааат неговата целосна поддршка“, се вели во изјавата на српската влада.

Макрон изјавил дека Србија може да смета на апсолутната поддршка на Франција, која вклучува и силна поддршка за земјата на нејзиниот европски пат.

Претседателот Вучиќ му се заблагодари на претседателот Макрон за поддршката, како и за загриженоста и човечката и државната солидарност, што тој ја покажува кон српските граѓани, и покрај тешката состоја и големиот број на пациенти во Франција. Тој изразил жалење за смртта на повеќе од 4.000 заразени од КОВИД-19 во Франција и се надева дека решителните дејства на претседателот Макрон и на француската влада ќе успеат во борбата против пандемијата.

Двајцата се согласија дека пандемијата може да се победи само со здружување на силите и дека пријатели како Србија и Франција би можеле да сметаат едни на други во тешки времиња.

Претседателот Вучиќ претходно го замоли претседателот Макрон за помош од Франција кон српските граѓани во форма на лекови и суровини за производство на лекови што се користат за лекување на пациенти со COVID-19.

Вучиќ и Макрон изразија решеност да соработуваат за справување со економските последици од пандемијата и продолжуваат да работат на развој на стратешките односи меѓу Србија и Франција во корист на граѓаните на двете држави.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO