Најголем доказ дека господин Мицкоски функционира како подизведувач на господин Заев, е фактот што нема ниту една издржана критика кон него, реагира Петар Богојески од Македонски концепт на вечерашното интервју на Христијан Мицкоски на телевизија Канал 5.

ʺНе само што не го критикуваше за ставот за поддршка на монополот и екстра профити на банките на грбот на граѓаните, туку и дополнително им служи на банките. Имено, Мицкоски предлага благајничките записи/ хартиите од НБРМ за повлекување вишок, со 1,75% камата, да се заменат со државни обврзници/ хартии од МФ за финансирање буџетски потреби со 3 % камата, со што на банките им се олеснува и им се дава лесна и сигурна заработувачка, а не тие пари да се остават и пласираат онаму каде што се најпотребни, дека тие пари им требаат на стопанството, под исти или подобри услови. Мицкоски е загрижен за профитот на своите газди, а не на стопанството! Сето ова говори само за едно, двете партии функционираат како сестри близначки и се управувани од една мајка – мафијата! Мицкоски е само подизведувач на Заев, ништо повеќе! За жал во Македонија нема вистинска неконтролирана опозиција. Затоа е потребен граѓански одговор на ова неприфатливо и крајно злобно поведениеʺ, смета Богојески.

Извор: fokus.mk

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO