Апсурдна ситуација: еден тон руска пченица веќе чини повеќе од еден тон руска нафта. Рубљата значително девалвира, а русите ги очекува гигантско поскапување на сите стоки. Коронавирусот едноставно ја легна руската економија.

Кризата со коронавирусот ја врати Русија во 2002 година – барем што се однесува до цената на нафтата, што е главен извозен продукт на земјата. На крајот на март, нејзината цена падна на најниското ниво за 18 години: барел од европската сорта ʺБрентʺ чини помалку од 22 американски долари, котирањето на руската сорта ʺУралʺ се под 17 долари.

Корона-кризата ја намали радикално глобалната побарувачка за нафта, заради што Саудиска Арабија и некои други земји производители побараа дополнителни ограничувања на производството. Путин меѓутоа не се согласи, со што тој го растури Договорот за таван на произведените количества нафта меѓу државите членки на ОПЕК од една страна и Русија и Казахстан од друга страна. Тој беше во сила од 2017 година наваму и постојано беше продолжуван. Од 1 април меѓутоа, сите земји можат да произведат онолку нафта колку што сакаат.

Саудиска Арабија реагира со ценовна војна против Русија.Таа им предложи на европските рафинерии, кои се најголеми купувачи на руска нафта, дампинг-цени, какви што до сега никогаш немало: барел нафта ʺБрентʺ со 10 долари поевтино од официјалните котирања. „Во оваа ситуација, нема смисла да се купува од Русија“, изјави експертот за суровини, Ојйен Вајнберг за ДВ.

Обезвреднувањето на рубљата е најголемиот проблем

Војната на нерви меѓутоа и носи огромни загуби на руската држава. Познато е дека билансот на државниот буџет е загарантиран по цени од 42 американски долари за барел, а сегашните се далеку пониски.

Но, очекуваниот огромен буџетски дефицит не е најголемиот предизвик пред Русија. Најсериозен проблем за руската економија е обезвреднувањето на рубљата, кое оди рака под рака со падот на цената на нафтата. Слична состојба се случи во 2014 година – потоа проследена со двегодишна рецесија и скоро шестгодишен пад на реалните приходи на населението. Сега постои закана од повторување на оваа криза, дополнително влошена со карантинот.

Послабата руска валута секогаш го поттикнува извозот, но Русија има само три групи на производи кои се конкурентни на светскиот пазар: суровини, оружје и земјоделски производи.

Побарувачката за енергија и метали се намалува во светот, а набавките со оружје се одложуваат заради епидемијата на коронавирус. Русија би можела да извезува повеќе житарки, но тоа нема да се случи бидејќи владата се плаши од недостаток на внатрешниот пазар. Затоа, од 1 април се наметнати ограничувања и квоти на извозот на пченица, ‘рж, пченка и јачмен, кои за прво време ќе останат во сила три месеци. Со други зборови, Русија нема да може да може да спечели од уникатната ситуација,кога еден тон руска пченица моментно чини повеќе од еден тон руска нафта.

Зависноста на руската економија од увозот

Толку побезболно за Русија ќе биде обезвреднувањето на рубљата. Руската економија останува многу зависна од увозот на машини и опрема, производи за широка потрошувачка, па дури и земјоделски производи. Во декември, претседателката на Советот на Федерацијата на Русија, Валентина Матвиенко изјави дека Русија е многу зависна од увозот на семиња за сеидба. И тоа се однесува на голем број основни култури како пченка, компир и пченица.

Сега ќе поскапат и голем број други суровини и потрошен материјал, неопходни за руската индустрија, како што се кинески состојки што се користат во руските фармацевтски компании или делови за автомобилската индустрија, кои главно се добиваат од германски добавувачи. Ако на почетокот на годината се разменуваше едно евро за 68 рубљи, сега чини скоро 90. Русија едноставно ќе биде легната од огромното поскапување што се задава и тоа во период, кога приходите на државата се ограничени на минимум.

Извор: ДВ

 

 

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO