Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков најави дека Русија ќе испрати авион со медицинска и заштитна опрема во Македонија.

– Се очекува авионот да полета до крајот на денот. Указот е потпишан директно од Владамир Путин. – изјави синоќа Песков.

-Сега кога моменталната ситуација влијае и може да се окарактеризира како глобална, не постои алтернатива за заедничката работа во духот на партнерството и взаемната помош – додаде Песков.

Специјалистите ќе донесат опрема неопходна за дијагностицирање и дезинфекција. Петнаесет авиони на Ил-76 на руските воздушни сили со воени специјалисти и опрема пристигнаа досега во Италија за да помогнат во борбата против пандемијата на коронавирус.

Се разбира, ова е првоаприлска шега. Вистинската вест е дека Европската унија издвои 38 милиони евра помош за Западен Балкан за сузбивање на епидемијата со коронавирусот и за набавка на медицинска опрема, како вентилатори, маски и заштитна опрема, соопшти Европската комисија пред два дена.

Како дел од глобалниот одговор на појавата на коронавирусот, Европската комисија објави дека ќе издвои како итна поддршка до 38 милиони евра за Западен Балкан за решавање на здравствената состојба, соопшти денеска (30 март) во Брисел,  Комисијата на ЕУ .

Како резултат на тоа, ЕУ ќе им помогне на С. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и на Србија, да ги покријат своите непоходни потреби за медицински помагала и за опрема, како што се вентилатори, лабораториски тестови, маски, очила, наметки и заштитни костуми, за го поддржи нивното закрепнување.

ЕУ, исто така, пренасочи 374 милиони евра од претпристапните фондови за да го помогне општествено-економското закрепнување на западнобалканското подрачје, изјави Ана Писонеро, портпаролка на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO