Руското Министерство за надворешни работи публикуваше исклучително остро соопштение против членството на РС Македонија во НАТО. Според Москва, ʺприсоединувањето на Скопје кон Северноатлантскиот пакт ќе создаде нови разделителни линии во време кога на светот му треба единство во борбата против коронавирусот“.

ʺОчигледно членството на Скопје во Алијансата нема никаква додадена вредност, ниту европска, ниту регионална, ниту во прилог на националната безбедност. Тоа нема да биде во интерес на заедничките напори за борбата против заедничките предизвици и закани, вклучително и против пандемијата од коронавирус. Тоа ќе доведе само до дополнителни разделителни линии“, се вели во комуникето на руското Министерство за надворешни работи.

Обидите да се претстави овој настан на еден помпезен и шумен начин не успеаја поради влошувањето на состојбата од предизвиците на пандемијата со коронавирус, се вели во соопштението. Според руското Министерство за надворешни работи, останал незабележан и фактот дека ʺчленството на Македонија во НАТО речиси се совпадна со датумот на почетокот на бомбардирањето на пактот против Југославија“.

ʺВо вонредна состојбаʺ, лидерите на РС Македонија не ја пропуштија можноста помпезно да го дефинираат членството во НАТО како историски момент, кој му гарантирал стабилност и безбедност на Скопје“. Министерот за надворешни работи Никола Димитров го нарече дуро членството во организацијата-исполнување на ʺзаветите на татковците и дедовцитеʺ се вели уште во документот.

ʺИнтеграцијата на РС Македонија во НАТО – самопрогласениот сојуз на демократите – од самото потпишување на Договорот од Преспа со Грција во јуни 2018 година е пропратена со бројни процедурални и законски нарушувања. Потсетуваме дека според националното законодавство излезноста за време на референдумот за пристапувањето во ЕУ и НАТО на 30 септември 2018 година не беше доволно за неговата валидност. Општеството научи за различни вмешувања во внатрешните работи на земјата, вклучително и закани.Сето ова помина незабележано. за нашите западни партнери, кои обично со голема чувствителност го набљудуваат почитувањето на законите „, пишува уште руското МНР.

„До денес, нема ниту едно оправдување за потребата РС Македонија да влезе во НАТО. На местното население им се ветува економски раст, зголемени инвестиции и владеење на правото. Но за такво нешто воопшто не е потребно пристапување во воен сојуз. Напротив, сега од Скопје ќе се бара зголемување на расходите за одбрана и снабдување со западно, претежно американско, оружје и опрема. Тоа е цената што македонскиот народ ќе треба да ја плати за откажување од суверенитет во военополитички аслект и не само таму“, пишува уште руското Министерството за надворешни работи.

ʺВо однос на ветеното зголемување на нивото на безбедност, Алијансата не само што е далеку од тоа секогаш да гарантира заштита на сите стари земји-членки, а напротив, тој не може да ги сопре долгогодишни спорови меѓу нив, а таму каде ги има успешно ја усвои практиката да ги заметува проблемите под килим “, се вели уште во соопштението од Москва.

На крајот на документот се нагласува, дека од Македонија се очекува да потврди, во согласност со воспоставената практика, да се спазуваат договорите потпишани од Русија и НАТО во 1997 година и Договорот од Рим во 2002 година.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO