На 15.03 група патриоти од Охрид поставија паметна плоча близу Оздолени-Охридско во чест на големиот војвода Тома Давидов. За поздравување е тоа што има вистински следбеници на историското ВМРО.

Тие со поставувањето на оваа плоча оддаваат должна почит кон војводата Тома Давидов и со тоа го истриваат гревот кој нашата држава го има кон славниот херој, опеан од народот и во песна.

Не му се знае гробното место, ниту пак имало паметен знак кој да сведочи за делото на војводата, каде неговите почитатели и следбеници да запалат свеќи. Ако за ваквиот однос кон војводата може да се има некакво разбирање по времето на поранешна Југославија, продолжувањето на истиот однос кон него по осамостојувањето на нашата татковина е повеќе од срамно.

Но нашата радост од поставувањето на паметната плоча траеше само две седмици. Вандалска рака ја скрши плочата и по втар пат го уби војводата. Но ова убиство е пострашно и поболно од првото. Затоа што, ако првото беше от куршум на поробувачот, овој пат е од ʺантихристʺ чија денешна слобода во голем дел се должи и на војводата Тома Давидов.

Споменот за Тома Давидов и 117 години по неговата гибел е жив. А самиот чин на кршењето на плочата сведочи за немоќ и слабост пред чистото и свето дело на војводата Давидов. Точно затоа што неговит спомен ја надживеа вештачката држава која се распадна како кули од карти, а нејзините творци се на изумирање и во заборав.

Пред очи гледаат дека макар и бавно Македонија се буди и ги раскинува врските со ретроградните сили.

Тие сили напишаа томови книги во текот на децении во омраза кон Бугарија и се што доаѓа од неа.

А денес се поразени од само две реченици на родениот во Ловеч Тома Давидов упатени кон Гоце Делчев:

ʺНе сум од Македонија, но за слободата на Македонија сум подготвен секој момент да го дадам својот живот. Ќе отидам таму, меѓу народот на братска Македонија, да умрам, а не тука да ја трујам својата душа за неаʺ .

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO