Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Пол Погба се надева дека кризата со пандемијата од коронавирус ќе заврши наскоро и тој и неговите соиграчи повторно ќе играат фудбал.

„Останете дома, останете безбедни. Продолжувајте да го подржувате Манчестер Јунајтед. Се надеваме скоро се да помине и да се вратиме кон фудбалот. Сакаме да се вратиме на теренот и да освојуваме трофеи.“

Французинот потсети и на титулата во Лига на Европа, која ја освои со „црвените ѓаволи“ под водство на Жозе Мурињо. „Бев многу среќен. Тоа значеше дека повторно ќе играме во Лига на шампионите. Тоа беше нашиот втор трофеј за сезоната, така што бев среќен. Извојувањето на трофеи е суштината на Манчестер Јунајтед“, додаде Французинот.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO