Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел откри дека планира да стане инженер по завршувањето на неговата кариера како натпреварувач. Германецот е еден од најуспешните пилоти во историјата на престижното автомобилско натпреварување, но сподели дека има и други мечти.

„Пред да започнам да се занимавам професионално и да ја започнам мојата кариера, кога завршив средно училиште, планирав да одам на универзит и да студирам инженерски науки и машинство. Мислам дека тоа е нешто, со кое може да се занимавам. Развив многу други интереси во последниве години, но тоа е нешто, кое ми е многу интересно – да знам и да разбирам како функционираат работите. Дефинитивно сакам да знам што точно се случува во еден автомобил и во однос на развојот на моторите и колите и како работи сето тоа заедно. Така што тоа е опциј за мојата иднина “, рече Фетел за време на сесијата со прашања од феновите.

Тој рече дека не жали за ништо во неговата кариера во Формула 1, која започна во 2007 година со неговото деби на Гран-при на САД. ʺМислам дека сè што се случи се случи поради одредена причина. Јас сум многу среќен со кариерата што ја имав и не мислам дека би променил нешто. Дури и ако имаше тешки периоди, човек секогаш излегува посилен од нив. “, коментираше Фетел.

 

 

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO