Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан го посочил крилниот напаѓач на Ливерпул Садио Мане како прв избор за засилување на нападот на Кралскиот клуб во текот на летото, пренесува британскиот таблоид Експрес.

Мадридчаните се решени да побараат ново големо име за нивниот напад, откако српскиот репрезентативец Лука Јовиќ, кој пристигна минатото лето од Ајнтрахт Франкфурт, не успеа да се прилагоди на „Сантијаго Бернабеу“ и досега има постигнато само два гола на 24 натпревари на сите турнири. Речиси сигурно, Реал ќе се раздели со Јовиќ во текот на летото, а на негово место ќе дојде нов офанзивен играч. Медиумите во Шпанија го идентификуваа како фаворит за нов напаѓач на Реал Мадрид, голгетерот на Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг, кој не е задоволен од неможноста на ʺтопџиите“ да се борат за трофеи и сака да ги напушти „Емирати“.

Според „Експрес“, меѓтоа, Обамејанг е само трет избор на тренерот на кралот клуб Зинедин Зидан. Францускиот специјалист го посочил на на раководството на Реал Садио Мане како трансферна цел број 1. Сенегалскиот репрезентативец во текот на изминатите три сезони настапуваше одлично за Ливерпул, освојувајќи ја наградата за голгетер во националната лига минатата сезона, заедно со Обамејанг и неговиот соиграч Мохамед Салах. Доколку Реал не успее да го привлече Мане, тогаш Зидан го посакува 19-годишниот голгетер на Борусија Дортмунд Ерлинг Холанд, кој го воодушеви светот со своите настапи за Ред Бул Салцбург и Борусија Дортмунд оваа сезона. На овој начин, Обамејанг останува како трета опција за нов напаѓач на Реал Мадрид.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO