Дојран одлучи да го забрани престојот на сите домашни и странски граѓани. Тоа е одлучено на последната седница на општинскиот совет.

Се разбира, нелогично е побарувачката на луѓе кои барале престој во приваните сместувачки капацитети за повеќе од 30 дена да биде за одмор и рекреација.

Знам, многу од сопствениците на приватните викендици ќе се „бунтуваат“.

Но, зошто е ова така и треба да биде така?

Вонредната состојба произлегува од владин проглас даден како реакција на вонредна ситуација која претставува основна закана за земјата. Потребата да се прогласува вонредна состојба може да произлезе од различни ситуации како што е вооружена акција против државата од страна на внатрешни или надворешни елементи, природна непогода, граѓански немир, епидемија, финансиска или економска криза или генерален штрајк.

Целата држава се наоѓа во вонредна состојба. Фактот дека се бараат сместувачки капацитети за повеќе од 30 дена не е за одмор и рекреација. Тука има две причини:

1. Избегнување на карантин и самоизолација на луѓе кои се вратиле од странство

Ова би било под број 1, бидејќи е една најлоша одлука што може да ја направи самиот човек. Има роднини и пријатели. Дали ако (не дај Боже) го носи вирусот во себе, со „криењето“ ќе го скрие и вирусот? Секако дека не. Вирусот може да се крие во него без симптоми.

Пријавувањето и карантинот не е ништо страшно. Тоа треба да биде првото што ќе му падне на памет на човек што знае дека со криењето само ќе загрози некој свој пријател, родител, дете…

2. „Криење“ да не фати вирусот

Не, драги мои, вирусот е веќе тука. Со зголемување на популацијата на мало градче ги зголемувате шансите да се рашири.

Не треба да сме доктори за да разбереме некои работи. Да си останеме таму каде што сме. Денови за Дојран ќе има, важно е сега свест да има меѓу нас.

Се зависи од самите нас. Дали ќе го спасиме летото со тоа што ќе си седиме дома или ќе си ја расипаме наредната зима.

Бидејќи здравјето зависи од самите нас. Да ги издржиме овие денови, ќе останувате и по месец – два ако толку го сакате Дојран… ако е таа третата причина… или се првите две?


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO