Водечкиот италијански весник „Ла Стампа“ објави денес материјал, во кој цитира „високи политичари“, кои се изјасниле за весникот дека 80% од руската помош е потполно бескорисна или малку корисна за Италија.

 

За разлика од, да речеме, кинеските материјали (кои се состојат главно од пулмонални вентилатори и маски), Русите донираат бактериолошка опрема за дезинфекција на објекти, теренска лабораторија за стерилизација, хемиска и бактериолошка профилакса и друга опрема од тој вид, цитира Ла Стампа од нивните извори.

Руската помош доаѓа по разговорите меѓу италијанскиот премиер Конти и Путин, а според изворите на Ла Стампа, всушност се извршуваат геополитички цели.

Италијанските медиуми посочуваат дека самата помош не е медицинска, туку воена, испратените специјалисти не се лекари, туку војници.

„Целата операција е на руското Министерство за одбрана, а не на Министерството за здравство. Тие ги имаат чиновите на генерали, полковници, специјалци, полковници вклучени во минатото со воени операции од Гвинеја до Африка, каде работеле рамо до рамо со руското надворешно разузнавање.

Сергеј Кикот, висок генерал, водач на мисијата, е специјалист за антракс. Генадиј Еремин, полковник, е експерт за бактериолошко војување и работел против свинскиот грип. Полковникот Вјачеслав Кулиш е експерт за развој на заштитна опрема против заразни бактериолошки агенси, работел на програми за ебола и чума, пренесува Ла Стампа.

Весникот прашува кој го овластил слетувањето и патувањето на руската воена колона од Рим до Бергамо. Според Ла Стампа, тоа е одговорност на премиерот Конти, а главно е телефонскиот разговор со Путин претходно.

Не е тешко да се согледаат геополитичките цели што ги следи Москва – навлегување во сферата Италија-Европа и по секоја веројатност да се освои италијанското вето на европски санкции.

Италијанските политичари и Премиерот Конти се виновни за неуспехот на коронавирусот во Италија. Речиси истовремено со САД, беа воведени ограничувања за летовите од Кина на почетокот на Февруари, но на Кинезите им беше забранувано и за други, пообемни дестинации.

Повикот за карантин го дочекаа со неодобрување италијанските политичари кои го сметаа за расистички. Градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела, дури објави и кампања „Прегратка на Кинез“, во која ги повикува Италијанците да ги гушкаат кинеските граѓани да покажат дека не се расистички …

Од кога почна ширењето на коронавирусот, Германија без никаква пропаганда, испрати 500 апарати за помош на Италија, милиони маски и прими за лечење пациенти од коронавирус од цела Европа, вклучително и Италија, но руската пропаганда ги приглуши ушите на целиот свет за авионите пратени од Путин со воени специјалци за Италија. Наспроти пропагандиде, обичните руски граѓани изумираат како муви во московските стари и нереновирани болници.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO