Лекарите од државата Њујорк им даваат на критично болните пациенти, заразени со од коронавирус, високи дози на витамин Ц, тактика, за која се тврди дека покажала ветувачки резултати во Кина и помогнала во лекувањето на сериозно болни пациенти, пренесува Дејли Мејл.

Д-р Ендру Вебер, пулмолог и специјалист за интензивно лекување во Northwell Health, сподели дека итно им пролага 1.500 милиграми интравенозно витамин Ц на неговите пациенти со коронавирусна инфекција.

Кај овие сериозно болни пациенти, дозите на моќниот антиоксиданс се даваат три или четири на ден, објаснува лекарот за ʺЊујорк постʺ.

Обично, кај возрасни мажи, дозволената доза е 90 милиграми, а 75 милиграми се препорачуваат за жени.

Вебер рече дека режимот се заснова на експериментални третмани што се применувале на пациенти со коронавирус во Шангај, Кина.

ʺПациентите кои земале витамин Ц, значително се справиле значително подобро од оние кои не примале витамин Ц“, рече тој. „Помага прилично, но се занемарува затоа што не е модерно“.

Портпаролот на Northwell Health, Џејсон Молинет изјави дека витаминот Ц е широко користен во третманот на пациенти со коронавирус во целиот здравствен систем. Тој меѓутоа одбележа, дека дозата која се дава варира.

ʺКако што ќе реши докторот“, додаде Молинет.

Northwell Health е најголем давател на здравствена заштита во државата, со 23 болници во Њујорк.

Според Молинет, околу 700 пациенти низ целата болничка мрежа се лекуваат од коронавирус, но не може да прецизираат колкумина се здобиле со третман со витамин Ц.

Веќе има 25.665 случаи на „Ковид-19“ во државата Њујорк, вклучително 14 904 во самиот град Њујорк.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO